ВО ЏАМИЈА ВО БЕРЛИН ЗАЕДНО СЕ МОЛАТ МАЖИ И ЖЕНИ, ХОМОСЕКСУАЛЦИ И ТРАНСРОДОВИ

    ВО ЏАМИЈА ВО БЕРЛИН ЗАЕДНО СЕ МОЛАТ МАЖИ И ЖЕНИ, ХОМОСЕКСУАЛЦИ И ТРАНСРОДОВИMaжи и жени се молат заедно во џамијата Ибн Рушд-Гете во Берлин (Фото: Би-Би-Си)

    Свети Јоханес во Берлин однадвор изгледа како обична протестантска црква од 19-иот век, со камбанерија од црвенa тула и обоени стаклени прозори. Но кон задниот дел на црквата, по неколку скали, се наоѓа едноставно бела просторија, на чиј влез стојат ред чевли уредно наредени, и здиплени молитвени килими во еден крај од собата.

    Сето ова затоа што собата во суштина е џамија. Таа е дадена под кирија, додека црквата останува активна. Но, оваа џамија не е необична само поради својата локација. Луѓето кои што доаѓаат во џамијата во Берлин, се молат сите заедно, односно и мажи и жени во иста просторија. На жените им е дозволено да учествуваат на петочните молитви, и хомосексуалците и трансродните лица се истотака добредојдени.

    „Нашата џамија, Ибн Рушд-Гете, е отворена за секого“, вели основачот на џамијата Сејран Атес, Германка со турско потекло, адвокат и активист за правата на жените. „За сите, без разлика нивниот начин на живеење. Ние не сме Господ. Не одлучуваме кој е добар или лош муслиман.“

    На прашањето за муслиманите кои веруваат дека хомосексуалноста е грев, Атес рече: „На сите муслимани кои сметаат дека не може да се биде геј или еманципирана жена и притоа да бидеш муслиман, би им одговорила: Не може да си хомофобичен, мизогин, јудеофобичен и да глумиш муслиман.“

    Атес има добиено стотини закани со смрт од екстремисти, претежно од Турција и арапскиот свет. Некои закани беа поттикнати од турските медиуми, кои покажувале како Куранот бил фрлен на под и новинари газеле по него.“

    Џамијата Ибн Рушд-Гете е дел од растечкото движење познато како инклузивен ислам. Постојат либерални исламски заедници и инклузивни џамии насекаде низ светот во најразни локации. Една од првите инклузивни џамии беше основана во Париз во 2012 од Лудовик- Мохамед Захед, геј имам од Алжир кој живее во Франција со својот партнер. Во соработка со Атес, тој работи кон основање на повеќе инклузивни џамии низ светот.

     

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира