ВО КАНАДА УКРАДЕНИ 30.000 ЛИТРИ ГЛЕЧЕРСКА ВОДА НАМЕНЕТА ЗА ПРАВЕЊЕ ВОТКА

    ВО КАНАДА УКРАДЕНИ 30.000 ЛИТРИ ГЛЕЧЕРСКА ВОДА НАМЕНЕТА ЗА ПРАВЕЊЕ ВОТКАГлечерите се појавуваат долж брегот на Њуфаундленд и Лабрадор само на пролет, кога се собира водата (Фото: Ројтерс)

    Канадски производител на вотка објави дека му исчезнале 30.000 литри вредна глечерска вода и верува дека е украдена.

    Извршниот директор на „Ајсберг вотка“, Дејвид Мејерс, вели дека нема никаква идеја кој и зошто би украл толкаво количество вода. Канадската полиција изјави дека за извлекување на водата од складиште во Порт Јунион, била потребна цистерна. Вредноста на водата се проценува меѓу 6.775 и 9.000 долари.

    „Дури кога видовме дека еден од резервоарите е целосно празен, сфативме дека некој ни ја украл водата. За тоа било потребно доста работа, особено што водата ја чуваме зад заклучени врати“, вели Мејерс.

    Водата била осигурана, но таа се собира само на пролет од огромни ледени блокови кои годишно се појавуваат долж брегот на Њуфаундленд и Лабрадор, во таканаречената долина на глечери.

    „Имаме само една можност годишно да го направиме тоа. Тоа е како берба на грозје во винарската индустрија. Она што уште повеќе ме зачудува е што ќе биде многу тешко водата да се продаде. Не е дека постои црн пазар за вода“, додаде Мејерс.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира