Сите што мислат дека навистина го познаваат Дедо Мраз и дека сезоната на празници е најдобриот период во годината, ги немаат вистинските информации. Колкумина навистина знаат дека Дедо Мраз е роден под карпа во северен Дробак во Виндфангербукта.
Дробак се наоѓа на источно од фјордовите кај Осло и овде присуството на Дедо Мраз може да се почувствува во секое време и секаде, дури и кога не е Божиќ.
Жителите на градот всушност го слават Божиќ сите 365 дена во годината. Дробак е град на Божиќ преку целата година, а „Тригарден Јулехус“ е едно од најспектакуларните места таму.
„Тригарден Јулехус“ беше отворен во 1988 година во објект именуван „Божикна куќа“. Таму може да се купат божикни сувенири и играчки, како соодветни свеќи. Исто така, во објектот има и пошта од каде може да се пратат писма низ целата година.
Локалните власти во Дробак имаат направено специјални предупредувачки знаци да се внимава на Дедо мраз на улиците.