Турција соопшти дека го открила најстариот леб на светот, кој датира од 6.600 година пред нашата ера.
Во областа Мекан 66 на археолошкиот локалитет Чаталхојук во јужната турска провинција Коња е пронајдена речиси уништена структура на печка, објави Турскиот научно-технолошки истражувачки центар на Ууниверзитетот „Неџметин Ербакан“. Околу печката археолозите пронајдоа пченица, јачмен, семе од грашок и тркалезен „сунѓерест“ остаток со големина на дланка, се вели во соопштението.
Анализите утврдиле дека органскиот остаток е ферментиран леб стар 8.600 години.
„Можеме да кажеме дека ова откритие е најстариот леб на светот. Има отпечаток од прст притиснат во средината, не е печен, но е ферментиран и со скроб внатре. Нема сличен пример за вакво нешто“, изјави археологот Али Умут Туркџан, шефот на тимот за ископување.
Според биологот Салих Кавак, анализите откриле хемикалии во растенијата и индикатори за ферментација.
„Биле измешани брашно и вода, а лебот бил подготвен веднаш до печката. Тоа е возбудливо откритие за Турција и светот“, рече Кавак.
Органската материја, како и дрвото и лебот биле зачувани од тенка глина што ја покривала структурата.