Гостите кои летово планираат да дојдат во Охрид ќе имаат можност да возат подводни скутери на електричен погон по дното на Охридското Езеро. Вакви пловила има Центарот за подводни активности „Акватек“.
„Искусните нуркачи можат кај нас да земат подвоен скутер и веднаш да се нурнат во езерото. Оние кои немаат искуство ќе треба да поминат дводневна обука, која се состои од теоретски и практичен дел. Батериите на скутерите издржуваат два часа, а едно нуркање чини 25 евра“, вели Никола Паскали, нуркач чија специјалност е подводна археологија.
Во Охрид првите подводни скутери се појавија пред неколку години и некои чинат и над 9.000 евра.
Д. ЧУБРИЌ