ВОЗЕЊЕТО „ПЕЖО 404“ Е КАКО ДА СЕ ВОЗИТЕ ВО ГОНДОЛА, ВЕЛАТ СОПСТВЕНЦИТЕ НА ОЛДТАЈМЕРОТ

    ВОЗЕЊЕТО „ПЕЖО 404“ Е КАКО ДА СЕ ВОЗИТЕ ВО ГОНДОЛА, ВЕЛАТ СОПСТВЕНЦИТЕ НА ОЛДТАЈМЕРОТСопствениците на олдтајмерите велат дека сè уште ги возат овие автомобили иако се стари педесетина години. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Низ скопските улици денеска се одржа дефиле и изложба на олдтајмери од марката „пежо 404“, во рамките на активностите организирани низ целиот свет посветени на зачувување на културното и технолошкото наследство. Изложбата на олдтајмерите произведени од 1968 до 1973 година беше пред Француската амбасада, која е поддржувач на денешниот настан.

    Сопствениците на олдтајмерите рекоа дека сè уште ги возат овие автомобили иако се стари педесетина години.

    „’Пежото 404‘ произведено 1968 година е моја прва и последна кола. Кога се возите во овој автомобил сте релаксирани, не стравувате дека ќе ве остави на пат. Со него сум бил на пат до Либија, а и денеска го возам дури и на подалечни патувања. Никогаш нема да го сменам за ново возило“, рече Томислав Маниќ еден од сопствениците на олдтајмер“ пежо 404“.

    Изложбата на олдтајмерите произведени од 1968 до 1973 година беше пред Француската амбасада, која е поддржувач на денешниот настан. (Фото: Ѓ. Личовски)

    89-годишниот Киро Шкарто рече дека возењето во олдтајмерот е како возење во гондола и дека со неговото „пежо 404“ произведено во 1968 година поминал 700.000 километри.

    Францускиот амбасадор Кристијан Тимоние рече и дека во амбасадата како службено возило користат пежо. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Францускиот амбасадор Кристијан Тимоние рече и дека во амбасадата како службено возило користат пежо. Тој повика по поголема внимателно да се вози и дека за безбедноста на патиштата сме одговорни сите.

    „Бројот на туристи во земјава во летниот период е зголемен. Тие доаѓаат од земјите членки на Европската унија и важно е да им се покаже дека во Северна Македонија се почитуваат принципите на внимателност“, рече Тимоние на изложбата пред Француската амбасада.

    Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кажа дека министерството ги зголемило бројот на контроли на патиштата, со цел поголема безбедност во сообраќајот.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира