Туристите кои на еден ден доаѓаат во Венеција во иднина ќе мора да направат резервација и да платат влез, што е обид на градските власти подобро да управуваат со посетителите кои многу често го надминуваат бројот на жителите. Новите мерки беа претставени вчера, а ќе стапат на сила на 16 јануари 2023.
Оние кои нема да ноќеваат во градот ќе мора да се пријават преку интернет на кој ден планираат да дојдат и притоа да платат такса, што ќе се движи од три до 10 евра по поединец.
Туристите ќе се соочат со казна од 300 евра ако бидат запрени на улица и нема да покажат доказ за резервацијата и уплатата.
Околу 80% туристи доаѓаат во Венеција на само еден ден. Пред пандемијата во 2019, Венеција ја посетиле 19 милиони еднодневни туристи, кои потрошиле само мал дел од она што го трошеле оние кои останале барем една ноќ.