ЗАМОКОТ ДРАКУЛА ВО РОМАНИЈА НУДИ „ФАЈЗЕР“ ВАКЦИНИ БЕЗ ТЕРМИН И БЕСПЛАТНА ИЗЛОЖБА

    ЗАМОКОТ ДРАКУЛА ВО РОМАНИЈА НУДИ „ФАЈЗЕР“ ВАКЦИНИ БЕЗ ТЕРМИН И БЕСПЛАТНА ИЗЛОЖБАПотегот е дел од напорите на Владата да ги поттикне Романците да се вакцинираат во што е можно поголем број. (Фото: Гети)

    Во славниот замок на Дракула во Трансилванија е поставен и Ковид-центар и на посетителите им се нудат „Фајзер“ вакцини против ковид-19. Медицински персонал во заштитна опрема го прашува секој што ќе влезе во замокот од 14. век дали би сакале да се вакцинираат.

    Тоа е дел од напорите на Владата да ги поттикне Романците да се вакцинираат во што е можно поголем број.

    Од почетокот на пандемијата, во Романија се регистрирани над 1 милион ковид дијагостицирани и околу 29 илјади починати.

    Владата вели дека до септември посакува да се вакцинираат 10 милиони граѓани, но речиси половина од населението не сака да се вакцинира, и со тоа има една од највисоките стапки на отпор кон вакцини во Европа.

    Од Замокот се надеваат дека неговата уникатна автентичност ќе придонесе да се зголеми бројка  на вакцинирани. Во текот на мај, секој викенд, секој може да дојде без термин и да се вакцинира, а притоа и бесплатно да ја посети изложбата со 52 средновековни инструменти за мачење.

    „Идејата ни беше да прикажеме како луѓето се боцкале пред 500-600 години во Европа“, вели маркетинг директорот Александру Приску.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира