ЖЕНА ОД МАНЧЕСТЕР БАРА ОД КРАДЕЦ ДА Ѝ ВРАТИ ПРАМЕН КОСА ОД ПОЧИНАТАТА ЌЕРКА

    ЖЕНА ОД МАНЧЕСТЕР БАРА ОД КРАДЕЦ ДА Ѝ ВРАТИ ПРАМЕН КОСА ОД ПОЧИНАТАТА ЌЕРКАЌерката на Кирсти Болдвин починала пред шест години и таа оттогаш постојано го носела праменот со себе

    Жена од Манчестер упати јавен апел да ѝ се помогне да ѝ се врати прамен руса коса, за кој вели дека е сè што ѝ останало од починатата ќерка.

    Ќерката на Кирсти Болдвин ненадејно починала пред шест години и таа оттогаш постојано го носела праменот со себе, пред да ѝ биде украден сосе чантата од автомобил додека била на бензинска станица.

    Триесет и петгодишната Болдвин изјави дека грабежот го уништил нејзиното семејство.

    „Тој прамен е сè што ни остана од Ели Луиз. Ве молам, ако пронајдете прамен како овој на фотографијата, однесете го во најблиската полициска станица. Овој прамен е драгоцен предмет, што никако не може да се замени и очајни сме да го добиеме назад“, изјави Болдвин.

    Крадецот е опишан како „несреден бел маж на возраст меѓу 40 и 50 години“. Тој ја украл чантата во моментот кога Болдвин излегувала од автомобилот.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари