Жената која ги обвини раперите Џеј Зи и Шон Диди Комбс дека ја силувале кога имала 13 години по доделувањето на музичките награди на Ем-Ти-Ви во 2000 , признала дека има недоследности во нејзината приказна. Жената, која е идентификувана само како „Џејн До“ (правен термин во САД за анонимен), за Ен-Би-Си Њуз рече: „Направив некои грешки“, но рече дека останува на нејзините тврдења во целина. Џеј Зи и Комбс ги негираат наводите.
Нелогичностите во изјавата на жената е тоа што тврди дека ја земал нејзиниот татко по наводниот напад, но таткото вели дека не се сеќава на тоа. Таа исто така именуваше славна личност со која рече дека разговарала за време на забавата, но таа славна личност рече дека не била на забавата и дека била на турнеја во тоа време.
Професионалните слики прегледани од Ен-Би-Си њуз покажуваат дека Комбс и Картер се на различна локација од онаа што ја опиша жената. Не е јасно во кое време се направени тие слики или дали Комбс и Картер присуствувале на некоја друга последователна забава. И покрај недоследностите во нејзиниот извештај за инцидентот за кој се тврди дека се случил пред 24 години, не мора да значи дека наводите се лажни.
Федералната тужба е поднесена од адвокатот Тони Базби од Тексас, кој вели дека застапува 120 обвинети во случаите против Комбс.
Одговарајќи на последните случувања, Картер и неговиот адвокат Алекс Спиро споделија изјави на Икс, нарекувајќи го случајот „лажна тужба“ и „несериозен“.
Картер напиша: „Денешниот истражен извештај докажува дека овој ‘адвокат4 Базби поднел лажна тужба против мене во потрага по пари и слава.
„Овој инцидент не се случи, а сепак тој го даде на суд и стана популарен во јавноста. Доаѓа вистинска правда, се бориме за победа“, додаде раперот.