ЖЕНИТЕ КОИ ПРОГОВОРИЈА ЗА СЕКСУАЛНОТО ВОЗНЕМИРУВАЊЕ СЕ ЛИЧНОСТ НА ГОДИНАТА НА „ТАЈМ“

    ЖЕНИТЕ КОИ ПРОГОВОРИЈА ЗА СЕКСУАЛНОТО ВОЗНЕМИРУВАЊЕ СЕ ЛИЧНОСТ НА ГОДИНАТА НА „ТАЈМ“Она што почна како поединечен чин на храброст се претвори во масовно движење (Фото: Тајм)

    Магазинот „Тајм“ за Личност на годината ги избра сите оние жени кои јавно проговорија за своите искуства со сексуалното вознемирување, што беше една од најжешките теми во 2017.

    Неформалното движење „Прекршувачи на тишината“ тесно се поврзува со хаштагот  #MeToo, преку кој се ширеа обвинувањата против моќниот холивудски продуцент Харви Вајнстин.

     

    Но, магазинот вели дека хаштагот е „дел од сликата, не и целината“.

    Ова е општествена промена што најбрзо се ширеше изминативе децении. Движењето почна како поединечен чин на храброст на стотици жени, но и некои мажи, кои излегоа во јавност со своите приказни“, кажа главниот уредник на „Тајм“, Едвард Фелзентал.

    Целиот скандал почна во октомври, кога „Лос Анџелес тајмс“ објави текст за долгогодишната пракса на Вајнстин да злоставува жени, главно, актерки, по што голем број од нив јавно проговорија.

    Како втор во изборот, што почна во 1927 година, заврши американскиот претседател и лански победник Доналд Трамп.

    Титулата најчесто ја добиваат поединци, но во 2011 година тоа беше Демонстрант, како асоцијација на Арапската пролет, а во 2014 победија борците против еболата.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари