ЗЛАТНИ ПАРИЧКИ ДОКАЖАА ДЕКА „ЛАЖНИОТ“ РИМСКИ ИМПЕРАТОР СПОНСИЈАН НАВИСТИНА ПОСТОЕЛ

    ЗЛАТНИ ПАРИЧКИ ДОКАЖАА ДЕКА „ЛАЖНИОТ“ РИМСКИ ИМПЕРАТОР СПОНСИЈАН НАВИСТИНА ПОСТОЕЛМонетата била пронајдена во 1713 година и до средината на 19. век се верувало дека е вистинска (Фото: Би-Би-Си)

    Научниците го докажаа постоењето на римски император од трети век кој во историјата бил запишан како фиктивна личност.

    Древна златна паричка со името Спонсијан и неговиот лик била пронајдена пред 300 години во Трансилванија, која била истурена станица на римската империја. Се верувало дека е лажна, па долго време била заклучена во музеј во Глазгов.

    Научниците сега велат дека трагите од гребење видливи под микроспоп докажуваат дека монетата била во оптек пред 2.000 години.

    „Вџашени сме од откритието. Ние, всушност, откривме император. Тој е личност за која се верувало дека е лажна и затоа експертите го отфрлиле. Но, ние веруваме дека постоел и имал своја улога во историјата“, изјави Пол Пирсон од Универзитетскиот колеџ во Лондон, кој го водел истражувањето.

    Монетата била пронајдена во 1713 година и до средината на 19. век се верувало дека е вистинска, кога експертите се посомневале дека можеби била направена од фалсификатори од тоа време, зашто имала груб дизајн. Конечниот збор го дал водечкиот експерт за монети Анри Коен во 1863, заклучувајќи не само дека е модерен фалсификат, туку и дека многу лошо била изработена. Бидејќи и други експерти се согласиле, Спонсијан бил избришан од историските учебници.

    Пирсон се посомневал во ова кога видел фотографии од монетата додека истражувал за книга за историјата на Римското Царство. Забележал гребнатинки на површината, за кои помислил дека се создале поради тоа што монетата била во оптек. Тој ги испитал сите четири монети со моќен микроскоп и потврдил дека се гребнатинки. Дополнителна хемиска анализа докажала дека монетите биле закопани во земја стотици години.

    Историчарите веруваат дека Спонсијан бил воен заповедник кој бил принуден да се прогласи себеси за цар на најоддалечената римска провинција Дачија, која многу тешко се бранела.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира