1.085 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19 И 12 ПОЧИНАТИ ВО ИЗМИНАТИТЕ 24 ЧАСА

    1.085 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19 И 12 ПОЧИНАТИ ВО ИЗМИНАТИТЕ 24 ЧАСАНа Инфективната клиника во Скопје во изминативе 24 часа примени се 13 пациенти, а вкупно се хоспитализирани 154 пациенти. (Фото: К. Попов)

    Во последните 24 часа се регистрирани 1.085 нови случаи на ковид-19 од направени 3.294 тестирања, соопшти Министерството за здравство. Најмногу од нив – 447, се од Скопје, а останатите се од: Куманово-69, Дебар-9, Штип-39, Прилеп-60, Тетово-62, Струга-14, Велес-50, Битола-28, Охрид-18, Кавадарци-20, Гостивар-35, Гевгелија-29, Струмица-80, Крива Паланка-10, Радовиш-9, Крушево-3, Кочани-13, Пробиштип-10, Демир Хисар-2, Македонски Брод-1, Берово-2, Валандово-6, Виница-4, Делчево-10, Кратово-4, Свети Николе-5, Кичево-30, Ресен-4, Неготино-12.

    Изминатите 24 часа починаа 12 лица, од кои тројца од Скопје (67, 68 и 52г), еден од Куманово (27г), тројца од Прилеп (81, 82 и 49г), двајца од Тетово (87 и 77г), еден Битола (84г), еден од Кавадарци (67г) и еден од Гостивар (65г). Сите се починати во болнички услови.

    Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 31.572, бројката на оздравени пациенти е 20.731, на починати е 994, а бројот на активни случаи изнесува 9.847.

    Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
    • Скопје 13621, активни 4584
    • Куманово 2313, активни 439
    • Дебар 345, активни 67
    • Штип 1683, активни 281
    • Прилеп 1349, активни 494
    • Тетово 2198, активни 547
    • Струга 833, активни 115
    • Велес 772, активни 380
    • Битола 698, активни 279
    • Охрид 715, активни 250
    • Кавадарци 512, активни 211
    • Гостивар 1216, активни 213
    • Гевгелија 399, активни 192 (18 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 66 на Богданци и 12 се странски државјани)
    • Струмица 956, активни 553
    • Крива Паланка 242, активни 92
    • Радовиш 239, активни 83
    • Крушево 30, активни 9
    • Кочани 718, активни 229
    • Пробиштип 203, активни 67
    • Демир Хисар 84, активни 18
    • Македонски Брод 105, активни 9
    • Пехчево 60, активни 8
    • Берово 211, активни 50
    • Валандово 108, активни 42
    • Виница 181, активни 70
    • Делчево 256, активни 125 (64 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
    • Кратово 54, активни 24
    • Свети Николе 486, активни 90
    • Кичево 579, активни 179
    • Ресен 248, активни 64
    • Неготино 158, активни 83 (18 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

    Направените 3.294 теста се преку: ИЈЗ-1.310, ЦЈЗ Скопје-126, Авицена-483, Биотек-266, МАНУ -243, Жан Митрев (Филип Втори) -340, Систина со PCR метода -175, лабораторија Лаор –80, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-110, Инфективна клиника-3, ГАК-0, Синлаб-133, Ремедика-25, лаборатории од странство-0.

    На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 13 пациенти, а вкупно се хоспитализирани 154 пациенти. На кислородна поддршка се 117 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

    Во болницата во Козле хоспитализирани се 7 позитивни и 2 суспектни деца на Ковид-19 и 11 возрасни пациенти, позитивни на вирусот.

    Во ГОБ „8 Септември“ има 21 прием, а вкупно хоспитализирани се 76 пациенти. На респиратор се 3 пациенти.

    Во болницата во Битола се хоспитализирани 66, а во болницата во Штип се 54 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија, Дебар, Кичево и Кавадарци се хоспитализирани 332 позитивни и сомнителни на Ковид-19.

    Активни случаи по општини Скопје денеска:
    • Чаир – 233
    • Гази Баба – 671
    • Аеродром – 788
    • Карпош – 682
    • Центар – 592
    • Кисела Вода – 588
    • Ѓорче Петров – 388
    • Бутел – 227
    • Шуто Оризари – 48
    • Студеничани – 20
    • Сарај – 35
    • Арачиново -9
    • Илинден – 101
    • Сопиште – 40
    • Чучер Сандево – 24
    • Петровец –30
    • Зелениково -16
    • Странец – 41
    • Нераспределен- 105

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира