Десет нови случаи позитивни на КОВИД-19 се регистрирани во изминатите 24 часа од 189 тестирања, кажа денеска министерот за здравство Венко Филипче. Новите заболени се од : Скопје-6, Куманово- 2, и по еден во Велес и Прилеп.
На Инфективната клиника во Скопје починал 61-годишен пациент од Делчево, кој имал други придружни болести. За денес се регистрирани пет оздравени пациенти.
Во земјава вкупно дијагностицирани се 1.674, оздравени се 1.205, 92 се починати, а 377 се активни случаи.
На Клиниката за инфективни болести примени се тројца нови пациенти, а вкупно хоспитализирани се 41. Во Градската општа болница „8 Септември“ примени се 13, а вкупно има хоспитализирани 25.
Се зголемува бројот на оздравени здравсствени работници, од вкупно 242 заболени, оздравени се 217.
Од утре ќе почне скринингот на вработените во градинките, што е близу 2.000.
Б. НЕСТОРОСКА