105 БЕЗДОМНИЦИ ОД ПРИФАТНИОТ ЦЕНТАР ВО ВИЗБЕГОВО СЕ ПОПИШАА ВО ПРВАТА ФАЗА ОД ПОПИСОТ

    105 БЕЗДОМНИЦИ ОД ПРИФАТНИОТ ЦЕНТАР ВО ВИЗБЕГОВО СЕ ПОПИШАА ВО ПРВАТА ФАЗА ОД ПОПИСОТОд денешниот попис во Прифатниот центар за поддржано живеење за бездомни семејства Визбегово. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Сто и пет бездомни лица од Прифатниот центар за поддржано живеење за бездомни семејства Визбегово, денеска се попишаа како дел од процесот на претпопишување на одделни категории на лица, процес кој започна на 1 март, а ќе трае до 15 март.

    Во понеделникот почна попишувањето на вработените во дипломатско-конзуларните претставништва и нивните семејства, на дијаспората, припадниците на армијата во странство, затворениците и бездомниците. Ова е еден месец пред официјалниот старт на Пописот на населението, домаќинствата и становите што ќе се спроведе во периодот од 1 до 21 април.

    „Пописот претставува многу важна, најмасовна и сеопфатна статистичка операција, која што е од особено значење за нас како држава, но и како Влада и Министерство за труд и социјална политика, затоа што врз основа на податоците добиени од него ќе се креираат политики, кои ќе ги адресираат барањата и потребите на граѓаните. Согласно податоците добиени од пописот за старосната структура на населението, ќе се креираат политиките за изградба на старски домови, градинки, за стапката на невработеност согласно која ќе се креираат мерки и политики за нивно активно вклучување на пазарот на труд, но и за лицата од ранливите категории “, рече денеска министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска.

    Директорот на Државниот заводот за статистика (ДСЗ), Апостол Симовски рече дека утрово до 8 часот околу 18 илјади лица се пријавиле на апликацијата за самопопишување.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира