12 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19, 132 НОВОЗАБОЛЕНИ ОД 868 ТЕСТИРАЊА ЗА ЕДНО ДЕНОНОЌИЕ

    12 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19, 132 НОВОЗАБОЛЕНИ ОД 868 ТЕСТИРАЊА ЗА ЕДНО ДЕНОНОЌИЕВо Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ починати се четири лица, тројца пациенти од Скопје на возраст 56,69 и 75 години и пациентка од Велес на 68 години.- Возило на Брза помош пред болницата. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Починати се 12 лица од компликации од коронавирус за изминатите 24 часа, и тоа пет пациенти од Скопје, еден од Штип, двајца пациенти од Тетово, двајца од Струга, еден од Велес и еден пациент од Гостивар, соопшти Министерството за здравство.

    На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа четворица – двајца пациенти од Струга на возраст од 60 и 66 години, пациент од Тетово на возраст од 49 години и пациент од Скопје на 72 години.

    Во Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ починати се исто така четири лица, тројца пациенти од Скопје на возраст 56,69 и 75 години и пациентка од Велес на 68 години.

    Во болницата во Штип е починат пациент на возраст од 81 година.

    Во Гостивар е починат пациент на 70 години.

    Во Тетово е починат пациент на 62-годишна возраст.

    Во Институтот за белодробни заболувања за деца- Козле почина пациентка од Скопје 83 години, потврдена позитивна денес.

    Во изминатото деноноќие се направени 868 тестирања, а регистрирани се 132 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-57, Куманово-10, Дебар-1, Штип-13, Прилеп-7, Тетово-19, Струга-3, Велес-4, Битола-1, Охрид-5, Кавадарци-1, Гостивар-6, Пробиштип-2, Свети Николе-2, Ресен-1.

    На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 4 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 92 пациенти. На кислородна поддршка се 45 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

    Во болницата во Козле се хоспитализирани 20 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, две деца позитивни и четири со симптоми на вирусот.

    Во „8 Септември“ примени се 14 нови, вкупно хоспитализирани се 136 пациенти. На респираторна машина се 11 пациенти.

    Во болницата во Битола се хоспитализирани 41, а во болницата во Штип се хоспитализирани 32 пациенти.

    На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 78 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

    Оздравени се 112 пациенти од: Скопје-42, Штип-40, Прилеп-1, Тетово-16, Велес-1, Гостивар-5, Кочани-2, Пробиштип-3, Свети Николе-2.

    Вкупно ковид дијагностицирани во нашата земја има 6.209,  оздравени се 2.427,  починати се 298, а има 3.484 активни случаи.

    Од вчерашните тестирања три се контролни, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
    • Скопје 3006, активни 1986
    • Куманово 750, активни 293
    • Дебар 92, активни 40
    • Штип 332, активни 148
    • Прилеп 257, активни 33
    • Тетово 681, активни 366
    • Струга 218, активни 133
    • Велес 182, активни 37
    • Битола 50, активни 17
    • Охрид 167, активни 143
    • Кавадарци 15, активни 9
    • Гостивар 117, активни 62
    • Гевгелија 10, активни 3 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
    • Струмица 15, активни 10
    • Крива Паланка 15, активни 9
    • Радовиш 4, активни 0
    • Крушево 6, активни 3
    • Кочани 69, активни 22
    • Пробиштип 17, активни 9
    • Демир Хисар 2, активни 1
    • Македонски Брод 4, активни 2
    • Пехчево 6, активни 3
    • Берово 2, активни 0
    • Валандово 6, активни 2
    • Виница 3, активни 0
    • Делчево 1, активни 0
    • Кратово 4, активни 1
    • Свети Николе 27, активни 23
    • Кичево 30, активни 25
    • Ресен 100, активни 94
    • Неготино 21, активни 10 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

    Направените 868 теста се преку: ИЈЗ –660, ЦЈЗ Скопје-0, Авицена –0, Биотек –0, МАНУ -110, Жан Митрев (Филип Втори) -25, Судска медицина-0, Систина со ПЦР метода -73, ЦЈЗ Битола-, лабораторија Лаор- 0.

    Досега во земјата се направени вкупно 59.633 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

    Активни случаи по општини Скопје заклучно со вчера (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
    • Чаир – 417
    • Аеродром – 148
    • Бутел – 134
    • Гази Баба – 158
    • Центар – 131
    • Карпош – 135
    • Сарај – 142
    • Кисела Вода – 106
    • Ѓорче Петров – 101
    • Студеничани – 91
    • Шуто Оризари – 75
    • Арачиново – 53
    • Илинден – 32
    • Петровец – 18
    • Чучер Сандево – 15
    • Сопиште – 12
    • Зелениково-2
    • Странец – 2
    • Нераспределен-157

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари