Петнаесетгодишно момче од околината на Скопје, синоќа починало откако му се слошило на пливачки базен, на подрачјето на Општина Карпош.
МВР кажа дека по наредба на јавен обвинител, иако немало видливи траги на насилство, телото сепак е дадено на обдукција.
„На 08.07.2023 во 18.35 часот во СВР Скопје е пријавено дека во Комплекс клиники ‘Мајка Тереза’ бил донесен 15-годишник од скопско, на кој му се слошило додека бил на базен на подрачјето на Карпош. По извршените обиди за реанимација, му била констатирана смрт без видливи траги на насилство. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото е предадено на обдукција“, соопшти МВР.