15 ПОЧИНАТИ ОД КОРОНАВИРУС ОД 33 ДО 85 ГОДИНИ, УШТЕ 396 ПОЗИТИВНИ ОД 2.192 ТЕСТОВИ

    15 ПОЧИНАТИ ОД КОРОНАВИРУС ОД 33 ДО 85 ГОДИНИ, УШТЕ 396 ПОЗИТИВНИ ОД 2.192 ТЕСТОВИВо последните 24 часа во скопските Ковид-центри се примени 36 нови пациенти. (Фото: К. Попов)

    Триесет и тригодишно лице од Гостивар е најмлад починат пациент од ковид-19 во изминатото деноноќие од вкупно 15 починати, соопшти Министерството за здравство. Од 2.192 тестирања, регистрирани се 396 нови случаи на ковид-19.

    Починати се и четворица пациенти од Скопје (82, 70, 85 и 75), еден од Куманово (60), еден од Велес (62), еден од Охрид (61), тројца пациенти од Кавадарци (77, 90 и 51), уште двајца од Гостивар (73 и 67 ) и двајца од Виница (54 и 83г). Од нив двајца се починати вон, останатите во болнички услови.

    Во Скопје се регистрирани 198 новозаболени, во Куманово-12, Штип-12, Прилеп-14, Тетово-18, Струга-9, Велес-13, Битола-14, Охрид-11, Кавадарци-13, Гостивар-7, Гевгелија-4, Струмица-13, Крива Паланка-3, Радовиш-4, Крушево-3, Кочани-6, Пробиштип-1, Демир Хисар-1, Пехчево-1, Делчево-10, Кратово-1, Свети Николе-3, Кичево-11, Ресен-8, Неготино-6.

    На Инфективните оддели во земјава лежат 718 болни, а има околу 400 празни места во Ковид-центрите.

    Институтот за јавно здравје за денес регистрира 442 оздравени пациенти од: Скопје-229, Куманово-17, Штип-7, Прилеп-39, Тетово-14, Велес-17, Битола-11, Кавадарци-28, Гостивар-13, Гевгелија-8, Струмица-6, Крива Паланка-9, Радовиш-4, Кочани-10, Демир Хисар-1, Македонски Брод-1, Пехчево-5, Берово-5, Валандово-2, Виница-3, Кратово-3, Кичево-5, Ресен-2, Неготино-3.

    Од почетокот на коронакризата во земјава заболеа 87.98 лица, оздравеа 69.137, починаа 2.672, а активни случаи се 16.177.

    Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
    • Скопје 38165, активни 9928
    • Куманово 4951, активни 470
    • Дебар 695, активни 139
    • Штип 3417, активни 204
    • Прилеп 4430, активни 325
    • Тетово 4925, активни 702
    • Струга 2115, активни 185
    • Велес 2908, активни 380
    • Битола 3152, активни 371
    • Охрид 2614, активни 425
    • Кавадарци 2350, активни 465
    • Гостивар 3504, активни 439
    • Гевгелија 1234, активни 207 (81 лице од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 210 на Богданци и 12 се странски државјани)
    • Струмица 2443, активни 453
    • Крива Паланка 697, активни 99
    • Радовиш 665, активни 76
    • Крушево 184, активни 31
    • Кочани 1673, активни 153
    • Пробиштип 471, активни 36
    • Демир Хисар 239, активни 29
    • Македонски Брод 234, активни 15
    • Пехчево 173, активни 25
    • Берово 554, активни 65
    • Валандово 323, активни 32
    • Виница 472, активни 62
    • Делчево 708, активни 229 (188 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
    • Кратово 206, активни 14
    • Свети Николе 1060, активни 71
    • Кичево 1641, активни 191
    • Ресен 688, активни 125
    • Неготино 1095, активни 231 (174 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

    Направените 2.192 теста се преку: ИЈЗ-538, ЦЈЗ Скопје-78, Авицена-226, Биотек-180, МАНУ -108, Жан Митрев (Филип Втори)-112, Систина со ПЦР метода -191, лабораторија Лаор –75, Судска медицина-3, ЦЈЗ Битола-71, Инфективна клиника-3, ГАК-0, Синлаб-30, Ремедика-19, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ (рапид тест) -554, УК Пулмологија со алергологија –4, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 425.888 тестирања на ковид -19.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира