Бројот на заболени здравствени работници од коронавирус до вчера беше 17, а добар дел од нив, не биле свесни дека имале контакт со некој заболен., кажа минстерот за здравство Венко Филипче на денешната редовна прес конференција.
Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 219 лица, од кои три лица се излечени, а три починаа.
На Клиниката за кардиологија, еден од членовите на резервниот тим, на работа пријавил симптоми за коронавирус. Вработениот бил на оддел каде нема лежечки пациенти туку само за интеревенција, и со тоа лекарите се целосно заштитени.
„Доколку се востанови дека некој се појавил на работа, а знаел дека има сиптоми, ќе следат санкции. Целосно е испочитуван протоколот и се работи во групи“, рече министерот за здравство Филипче.
Во однос на случајот со Заводот за рехабилитација во Скопје, каде беше објавено дека пациент од Тетово кој лежел таму од 9 до 23 март има коронавирус, Филипче кажа дека покрај тоа што вчера беа земени брисеви од 14 здравствени работиници и 4 пациенти, денеска се земени тестови и од 18 здравствени работници од Заводот.
„После стигнување на сите резултати, ќе се направи план за работа на Заводот. Најверојатно, од понеделник ќе функциорнира само амбулантата во Заводот“, рече тој.
Од 219 регистрирани позитивни на коронавирусот, на Инфективната клиника во Скопје се хоспитализирани 41 лице, седум се во потешка состојба но респиратно независни, 27 се во средно тешка и 7 се со полесна клиничка слика. Другите се на домашо лекување. Стабилна е состојбата и на пациентите во Штип.
Министерот додаде дека денеска маски добиле и матичните лекари.
Б. НЕСТОРОСКА