19 ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА АНГЕЛА ЃОРЃИЕВСКА КОЈА ГО ПОВИКАЛА ПИНО СЕКОНДО НА СРЕДБА СО УБИЕЦОТ И ПОМОГНАЛА ДА СЕ ЗАКОПА НЕГОВОТО ТЕЛО СО КАМЕЊА

    19 ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА АНГЕЛА ЃОРЃИЕВСКА КОЈА ГО ПОВИКАЛА ПИНО СЕКОНДО НА СРЕДБА СО УБИЕЦОТ И ПОМОГНАЛА ДА СЕ ЗАКОПА НЕГОВОТО ТЕЛО СО КАМЕЊААнгела (лево) и убиецот Али Фуркан кој е во бегство, со телото на Пино во гепек, се упатиле кон гробиштата во селото Сингелиќ, а потоа се движеле низ планината кон Љуботен, каде нашле дупка, па обвинетата и нејзиниот соизвршител го фрлиле во неа покривајќи го со крупни овални камења, наведува Скопското обвинителство што успеа да докаже пред судот (Фото:СДК.МК)

    За помагање во убиството на 26-годишното момче Пинета Секондо Пино, Основниот кривичен суд Скопје денеска ја осуди неправосилно обвинетата Ангела Ѓорѓиевска на затворска казна од 19 години.

    Јавното обвинителство на Скопје обвинението го поднесе на 19 септември 2019 година. На 11 декември 2018 година Ѓорѓиевска како соизвршител, задно со лицето Али Фуркан го сторила кривичното дело – Убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик. Тој ден обвинетата го повикала Пино и договорила да се сретнат на насипот во населбата Ѓорче Петров. Таму веќе бил пристигнат и другиот осомничен со возило „опел аскона“. Носел пушка.

    Фуркан, кој е во бегство, го оставил „опелот“ и седнал зад воланот на „шкодата“ со која дошол оштетениот до насипот. До него, на совозачкото место седнала обвинетата, а Пино Секондо на задното седиште од својата кола.

    Тројцата се упатиле по обиколница кон атарот на селото Арачиново и во една нива започнале најпрвин вербална расправија, а потоа и тепачка. Во еден момент осомничениот со пушката го застрелал во главата оштетениот Пинета Секондо.

    „Притоа, обвинетата дала значаен придонес кон извршување на делото: овозможила да се сретнат, го повикала оштетениот, била присутна во моментот на неговото лишување од живот, а потоа заедно со другиот осомничен го ставиле телото на починатиот во багажникот на возилото. Заедно тие се упатиле кон гробиштата во селото Сингелиќ, а потоа се движеле низ планината кон Љуботен. На едно место здогледале дупка, па обвинетата и нејзиниот соизвршител го оставиле телото во дупката, покривајќи го со крупни овални камења“, наведува Скопското обвинителство што докажа пред судот.

    За осомничениот Али Фуркан поради недостапност на органите на прогонот постапката е прекината. За негово наоѓање јавниот обвинител презема активности.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира