19 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19, ОД КОИ 13 ЗА 24 ЧАСА, А 6 ПРЕД 3 МЕСЕЦИ, УШТЕ 415 ПОЗИТИВНИ ОД 2.549 ТЕСТОВИ

    19 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19, ОД КОИ 13 ЗА 24 ЧАСА, А 6 ПРЕД 3 МЕСЕЦИ, УШТЕ 415 ПОЗИТИВНИ ОД 2.549 ТЕСТОВИВо скопските Ковид-центри за 24 часа се примени 35 нови пациенти. (Фото: К. Попов)

    Од 2.549 тестови во изминатото деноноќие, регистрирани се 415 нови случаи на ковид-19, а во денешната статистика пријавени се вкупно 19 починати лица, од кои шест се починале во тек на месеците ноември-декември, а 13 во последните 24 часа.

    Починати се 11 пациенти од Скопје (69, 75, 80, 65, 66, 61, 67,72, 76, 71 и 68), два пациенти од Тетово (79 и 65) и по еден пациент од Куманово (50), Прилеп (78), Велес (77), Охрид (87), Кичево (51) и Гевгелија (69). Од пријавените смртни случаи 18 се починати во болнички услови и еден во домашни услови.

    Нови случаи на ковид-19 се регистрирани во: Скопје – 170, Прилеп – 62, Кавадарци – 32, Велес – 25, Неготино – 20, Охрид – 12, Струмица – 11, Гевгелија – 10, Куманово, Тетово и Штип – по 8, Богданци – 7, Струга – 6, Крива Паланка – 5, Кратово, Демир Капија, Кочани и Крушево – по 4, Гостивар и Кичево – по 3, Битола, Делчево и Валандово – по 2, Виница, Дебар и Демир Хисар – по 1.
    Регистрирани се 244 оздравени пациенти од: Скопје – 110, Кавадарци – 24, Прилеп и Велес – по 17, Куманово – 12, Струмица – 9, Битола – 8, Ресен – 7, Гостивар – 6, Неготино и Берово – по 5, Тетово – 4, Штип – 3, Охрид, Кратово, Демир Капија, Виница, Радовиш и Дојран – по 2, Богданци, Крива Паланка, Кочани, Кичево и Пехчево – по 1.

    Во изминатото деноноќие во скопските Ковид-центри се примени 35 нови пациенти, а вкупно се лекуваат 261. На Инфективните оддели во Скопје и во болниците низ земјава лежат 636 и има околу 400 празни болнички кревети во Ковид-центрите.

    Направени се 2.549 тестови преку: ИЈЗ-685, ЦЈЗ Скопје-61, Авицена-275, Биотек-261, Жан Митрев (Филип Втори)-139, Систина-213, лабораторија Лаор–202, МАНУ-0, Судска медицина-5, ЦЈЗ Битола-10, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, ГАК-0, Синлаб-57, Ремедика-15, лабораторија болница Козле-24, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 594, УК Пулмологија со алергологија–2, ГОБ „8 Септември“-5, лаборатории од странство-0.

    Досега во земјата се направени вкупно 497.268 тестирања на ковид-19.

    Вкупно ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на се 98.584, оздравени се 89.022, починаа 3.037, а активни случаи се 6.525.

    Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
    Скопје 43.066, активни 2890
    Куманово 5.428, активни 239
    Тетово 5.320, активни 227
    Прилеп 5.027, активни 437
    Гостивар 3.716, активни 113
    Штип 3.597, активни 96
    Битола 3.341, активни 121
    Велес 3.338, активни 236
    Охрид 3.101, активни 376
    Кавадарци 3.055, активни 446
    Струмица 2.650, активни 152
    Струга 2.343, активни 165
    Кочани 1.781, активни 51
    Кичево 1.755, активни 60
    Свети Николе 1.100, активни 24
    Гевгелија 1.100, активни 111
    Неготино 1.086, активни 109
    Дебар 785, активни 42
    Ресен 784, активни 59
    Крива Паланка 780, активни 50
    Радовиш 741, активни 39
    Делчево 715, активни 226
    Берово 630, активни 28
    Пробиштип 526, активни 20
    Виница 508, активни 22
    Валандово 349, активни 21
    Кратово 261, активни 30
    Демир Хисар 257, активни 12
    Македонски Брод 251, активни 8
    Крушево 250, активни 51
    Богданци 240, активни 16
    Демир Капија 231, активни 30
    Македонска Каменица 193, активни 5
    Пехчево 184, активни 3
    Дојран 95, активни 10

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира