ДВЕ ИЛЈАДИ ПАЦИЕНТИ ВО РИЗИК ОД БУБРЕЖНО ЗАБОЛУВАЊЕ ЌЕ БИДАТ ПОВИКАНИ ОД ЗДРАВСТВЕНИТЕ УСТАНОВИ ЗА БЕСПЛАТЕН СКРИНИНГ

    ДВЕ ИЛЈАДИ ПАЦИЕНТИ ВО РИЗИК ОД БУБРЕЖНО ЗАБОЛУВАЊЕ ЌЕ БИДАТ ПОВИКАНИ ОД ЗДРАВСТВЕНИТЕ УСТАНОВИ ЗА БЕСПЛАТЕН СКРИНИНГГенералниот директор на „Диаверум“ и министерот за здравство Илир Демири на денешната прес-конференција. (Фото: К. Попов)

    Две илјади пациенти во ризик од хронично бубрежно заболување ќе добијат бесплатен скрининг, а ќе бидат контактирани од страна на здравствените установи и повикани, кажа денеска министерот за здравство Илир Демири на Светскиот ден на бубрегот.

    Скринингот ќе се одвива во: Тетово, Гостивар, Кичево, Струга, Охрид, Дебар, Битола, Прилеп, Кавадарци, Велес, Железара, Визбегово, Делчево, Гевгелија, Штип, Кочани, Струмица, Куманово и Крива Паланка. Скринингот е проект на здравствените  установи „Диаверум“ и „Нефроплус“.

    „Како резултат на дел од заклучоците од Првата ренална академија што се одржа во ноември минатата година на иницијатива на нашето Министерство и Шведската амбасада, со цел подигнување на свесноста за бубрежното заболување и неговата рана превенција, заедно со дијализните провајдери ‘Диаверум’ и ‘Нефроплус’, најавуваме отпочнување на проектот ‘Скрининг на популација во ризик од хронична бубрежна болест’. Скринингот отпочнува овој месец, ќе трае четири месеци“, рече Демири.

    Генералниот директор на „Диаверум“, Димитар Клисаровски на денешната прес-конференција кажа дека идејата за отпочнување за ваков скрининг проект постоела од порано, согледувајќи ја состојбата на пациентите кои започнуваат со дијализа при што во многу случаи пациентите не биле ни свесни дека имаат хронично бубрежно заболување се’ до моментот на почетокот на дијализа што е последниот стадиум на хроничното бубрежно заболување.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира