20% ПОВРАТ НА ДДВ НА МАКЕДОНСКИТЕ ПРОИЗВОДИ ЗА СМЕТКИТЕ СКЕНИРАНИ ОД 12 ЈУНИ НАВАМУ

    20% ПОВРАТ НА ДДВ НА МАКЕДОНСКИТЕ ПРОИЗВОДИ ЗА СМЕТКИТЕ СКЕНИРАНИ ОД 12 ЈУНИ НАВАМУПовратот на ДДВ кај физичките лица за второто тримесечје од годината може да претрпи промена поради повторните пресметки. - Директорката на УЈП Сања Лукаревска (Фото: СДК.МК)

    Апликацијата МојДДВ е прилагодена за да се спроведе Уредбата со законска сила на Владата од 12 јуни, според која на скенираните сметки од тој датум наваму ќе се пресметува поврат на ДДВ од 20% на македонски производи и услуги, а за останатите ќе се пресметува поврат од 10%, соопшти Управата за јавни приходи. Досега, повратот на ДДВ изнесуваше 15% за сите производи и услуги. Од УЈП велат дека поради прилагодувањата на апликацијата и повторните пресметки, повратот на ДДВ кај физичките лица за второто тримесечје од годината може да претрпи промена.

    „Со цел имплементација на мерката преку која се поттикнува потрошувачката на македонските добра и услуги, Управата за јавни приходи брзо и ефикасно ја прилагоди апликацијата МојДДВ преку која на граѓаните кои скенираат фискални сметки за купените македонски добра и услуги ќе им се изврши поврат во висина од 20%, а за останатите добра и услуги во висина од 10% од пресметаниот данок искажан во фискалната сметка. Со овие прилагодувања, за скенираните сметки од 12.06.2020 година, повторно ќе се изврши пресметка, според раздвојувањето на македонски добра и услуги со 20% и останати добра и услуги со 10%, наместо досегашните 15% поврат на ДДВ. Поради оваа повторна пресметка износот на повратот на ДДВ кај физичките лица за второто тримесечје може да претрпи промена“, соопштија од УЈП.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира