22 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19 ОД 145 ТЕСТОВИ, ОД 1.664 ДОСЕГА АКТИВНИ СЕ 373

    22 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19 ОД 145 ТЕСТОВИ, ОД 1.664 ДОСЕГА АКТИВНИ СЕ 373Во Градската општа болница „8 Септември“ примени се 5 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 18. Лекарски тим од „8 Септември“ (Фото: К. Попов)

    Во изминатите 24 часа направени се 145 тестирања, а потврдени се 22 нови случаи на КОВИД-19 и тоа во: Скопје-13, Прилеп-2 и Тетово-7. Како што соопшти Министерството за здравство, во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни нема прием на нови пациенти, хоспитализирани се вкупно 42 пациенти. На кислородна поддршка се 20 пациенти, а на механичка вентилација 2.

    Во Градската општа болница „8 Септември“ примени се 5 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 18. На респираторна машина се 4 пациенти и уште 4 се со потешка клиничка слика.

    Во болницата во Битола се хоспитализирани 2 пациенти сомнителни на ковид, а на домашно лекување се следат 3 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно 7, а уште 1 пациент се следи на домашно лекување. На инфективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово и Тетово се хоспитализирани 49 пациенти, позитивни и сомнителни на КОВИД-19.

    Според статистиката на Институтот за јавно здравје, за денес се регистрирани 64 оздравени пациенти во: Скопје-17, Куманово-9, Прилеп-12, Тетово-3, Струга-12, Охрид-9, Гостивар-1 и Кичево-1.
    Во нашата земја, вкупно ковид дијагностицирани се 1.664 лица, оздравени пациенти се 1.200, починати е 91, а во моментов активни случаи во земјата има 373 и согласно ова последната дистрибуција по градови е:

    Скопје – 563, активни 128
    Куманово – 408, активни 44
    Дебар – 51, активни 0
    Штип-35, активни 2
    Прилеп –178, активни 58
    Тетово – 117, активни 58
    Струга – 67, активни 4
    Велес – 107, активни 49
    Битола –23, активни 4
    Охрид –15, активни 0
    Кавадарци – 5, активни 1
    Гостивар –19, активни 4
    Гевгелија – 4, активни 0
    Струмица – 2, активни 0
    Крива Паланка- 6, активни 2
    Радовиш – 4, активни 0
    Крушево – 3, активни 0
    Кочани – 31, активни 5
    Пробиштип – 2, активни 0
    Кичево – 2, активни 0
    Неготино -9, активни 7 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
    Демир Хисар – 1, активни 0
    Македонски Брод – 2, активни 0
    Пехчево- 3, активни 2
    Делчево-1, активни 1
    Валандово -1, активни 1
    Виница – 2, активни 0
    Кратово-2, активни 2
    Берово-1, активни 1

    Направените 145 теста се преку: ИЈЗ –122, Ветеринарен факултет -0, Авицена –0, Биотек -0, Филип Втори (Жан Митрев) –17, Систина со ПЦР метода -0 и МАНУ -6. Досега во земјата се направени вкупно 19.241 тестирања на КОВИД-19.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира