22 ПОЧИНАТИ ОД КОРОНАВИРУС, ОД КОИ 10 СЕ ОД ПРЕТХОДНИТЕ ДЕНОВИ, УШТЕ 556 ПОЗИТИВНИ ОД 2.953 ТЕСТОВИ

    22 ПОЧИНАТИ ОД КОРОНАВИРУС, ОД КОИ 10 СЕ ОД ПРЕТХОДНИТЕ ДЕНОВИ, УШТЕ 556 ПОЗИТИВНИ ОД 2.953 ТЕСТОВИВо Ковид-центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 34 нови пациенти. (Фото: К. Попов)

    По комликации од ковид-19 починати се 22 лица, но денеска се евидентираат 10 починати со дата на смрт од претходните денови, соопшти Министерството за здравство. Од 2.953 тестирања, регистрирани се 556 нови случаи на ковид-19.

    Десет пациенти од Скопје се меѓу 22-те починати, на возраст од 84, 83, 60, 71, 66, 57, 77, 76, 80 и 74 години, како и еден од Куманово (77), еден од Дебар (68), еден од Штип (81), еден од Битола (69), двајца пациенти од Охрид (47 и 76), еден од Кавадарци (48), двајца од Гостивар (79 и 64), двајца од Крива Паланка (81 и 79) и еден пациент од Кичево (63). Од нив пет пациенти се починати вон, останатите се починати во болнички услови.

    Во Скопје се регистрирани 270 нови позитивни, во Куманово-24, Штип-17, Прилеп-17, Тетово-17, Струга-6, Велес-23, Битола-10, Охрид-12, Кавадарци-21, Гостивар-17, Гевгелија-6, Струмица-22, Крива Паланка-13, Радовиш-10, Кочани-14, Пробиштип-1, Македонски Брод-4, Пехчево-6, Берово-12, Валандово-1, Виница-2, Делчево-4, Кратово-5, Свети Николе-3, Кичево-12, Ресен-1 и Неготино-6.

    На Инфективните оддели во земјава лежат 766 болни и има околу 450 празни места во Ковид-центрите.

    Институтот за јавно здравје регистрира 404 оздравени пациенти од: Скопје-204, Куманово-18, Штип-9, Прилеп-33, Велес-16, Битола-8, Охрид-1, Кавадарци-30, Гостивар-12, Гевгелија-11, Струмица-15, Крива Паланка-6, Радовиш-11, Кочани-4, Пробиштип-1, Македонски Брод-1, Валандово-2, Виница-1, Свети Николе-4, Кичево-6, Ресен-2 и Неготино-9.

    Од почетокот на епидемијата во земјава се регистрирани 86.150 заболени, оздравени се 67.164, починаа 2.614, а активни случаи се 16.372.

    Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
    • Скопје 37326, активни 10017
    • Куманово 4865, активни 474
    • Дебар 673, активни 127
    • Штип 3368, активни 185
    • Прилеп 4346, активни 374
    • Тетово 4860, активни 715
    • Струга 2086, активни 227
    • Велес 2854, активни 388
    • Битола 3106, активни 405
    • Охрид 2543, активни 429
    • Кавадарци 2255, активни 469
    • Гостивар 3456, активни 443
    • Гевгелија 1208, активни 214 (81 лице од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 207 на Богданци и 12 се странски државјани)
    • Струмица 2382, активни 435
    • Крива Паланка 665, активни 104
    • Радовиш 644, активни 71
    • Крушево 169, активни 18
    • Кочани 1653, активни 181
    • Пробиштип 460, активни 33
    • Демир Хисар 239, активни 30
    • Македонски Брод 227, активни 13
    • Пехчево 165, активни 24
    • Берово 543, активни 75
    • Валандово 318, активни 37
    • Виница 460, активни 60
    • Делчево 681, активни 202 (183 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
    • Кратово 200, активни 15
    • Свети Николе 1050, активни 66
    • Кичево 1612, активни 184
    • Ресен 665, активни 114
    • Неготино 1071, активни 243 (173 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

    Направените 2.953 теста се преку: ИЈЗ-444, ЦЈЗ Скопје-172, Авицена-325, Биотек-289, МАНУ -124, Жан Митрев (Филип Втори)-198, Систина со ПЦР метода -343, лабораторија Лаор –121, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-71, Инфективна клиника-4, ГАК-0, Синлаб-58, Ремедика-0, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ (рапид тест) -795, УК Пулмологија со алергологија –9, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 414.757 тестирања на ковид -19.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира