220 МОТОРЏИИ КАЗНЕТИ ЗА 24 ЧАСА НИЗ ЦЕЛА ДРЖАВА

    220 МОТОРЏИИ КАЗНЕТИ ЗА 24 ЧАСА НИЗ ЦЕЛА ДРЖАВАМВР апелира до возачите на мотоцикли да носат кацига, затоа што при евентуална незгода таа може да им го спаси животот. (Фото: МВР)

    Во изминатото деноноќие казнети се 220 возачи на мотоцикли кои не ги почитувале сообраќајните правила на територијата на целата држава, рече денеска портпаролот на МВР Тони Ангеловски на прес-конференција во Струга

    Вчера санкционирани се и 89 возачи за возење под дејство на алкохол на територијата на целата држава.

    МВР апелира до возачите на мотоцикли да носат кацига, затоа што при евентуална незгода таа може да им го спаси животот. Според Ангеловски, оние мотоцикли на кои незаконски им се вградени делови за предизвикување на бучава, согласно последните законски измени, ќе бидат времено одземени од полицијата.

    „Засилените контроли продолжуваат и денеска и во наредните денови, а евидентно е намалувањето на бројот на сообраќајни незгоди во периодот кога овие контроли се спроведуваат. Како резултат на преземените мерки, намален е бројот на жртви во сообраќајни незгоди, 2020 година е година со најмал број на жртви (125). И во текот на 2021 година продолжува трендот на намалување на бројот на сообраќајни незгоди, како и бројот на жртви. Во периодот од 1 јануари до 15 април 2021  бројот на сообраќајни незгоди е намален за 12 отсто во однос на истиот период лани, а бројот на жртви е намален за 14 отсто“, рече Ангеловски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира