222 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19, ПРИЈАВЕНИ 8 ПОЧИНАТИ ОД ИЗМИНАТИТЕ 20 ДЕНА

    222 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19, ПРИЈАВЕНИ 8 ПОЧИНАТИ ОД ИЗМИНАТИТЕ 20 ДЕНАБројот на активни случаи изнесува 1.660. (Фото: СДК.МК)

    Во последните 24 часа се регистрирани 222 нови случаи на ковид-19 од направени 954 тестови, соопшти Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје. Новите случаи се од: Скопје – 113, Куманово и Кавадарци – по 14, Битола – 13, Прилеп – 12, Велес – 7, Охрид и Штип – по 6, Струмица, Кочани и Кратово – по 4, Кичево, Крива Паланка и Делчево – по 3, Тетово, Гостивар, Гевгелија, Неготино, Ресен и Свети Николе – по 2, Струга, Дебар, Пробиштип и Македонски Брод – по 1.

    Од вкупниот број на позитивни случаи (222), регистрирана е 41 реинфекција.

    Во текот на изминатите 24 часа се пријавени две починати лица, од Скопје (79г) и Кичево (83г). Двете лица се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин регистрирани се 6 починати лица, две лица од Битола и по едно лице од Кочани, Крива Паланка, Скопје и Радовиш. Починатите се на возраст од 66 – 83 години. Од починатите лица три се починати во болнички услови и три во домашни услови. Лицата се починати во период од 11.08. до 28.08.2022 година.

    Направени се 954 тестови: ИЈЗ-126, ЦЈЗ Скопје-92, ЦЈЗ Битола-46, ЦЈЗ Прилеп-13, ЦЈЗ Тетово-25, ЦЈЗ Куманово-40, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-6, УК Пулмологија со алергологија–0, Институт за микробиологија–80, Жан Митрев (Филип Втори)-12, Авицена-16, Биотек-19, Систина-24, лабораторија Лаор-2, Синлаб-3, Ремедика-13, Плодност-4, Генеа-4, Никоб Лаб-31, ВФВ Медикал-3, Ели Медика Плус-8, Ројал Медика–0, Спектра-ММ-7, Рапид Лаб–0, Жан Митрев Струмица–6, Нова Лаб Дијагностика–0, Рамус-5, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 369.

    Досега во земјата се направени вкупно 2.151.148 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 340.341, бројот на оздравени пациенти е 329.192, на починати е 9.489, а бројот на активни случаи изнесува 1.660.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира