24 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19 ОД 39 ДО 82 ГОДИНИ, 978 НОВИ БОЛНИ ОД 7.452 ТЕСТА

    24 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19 ОД 39 ДО 82 ГОДИНИ, 978 НОВИ БОЛНИ ОД 7.452 ТЕСТАВо земјава има 14.127 активни болни од на коронавирус. (Фото: К. Попов)

    Дваесет и четири лица починаа од ковид-19 во болнички услови изминатото деноноќие, а регистрирани се 978 нови позитивни од 7.452 тестирања, вели Министерството за здравство.

    Пријавени се 6 починати лица од Скопје ( 82г, 74г, 69г, 65г, 63г, 57г), 4 починати лица од Тетово ( 68г, 59г, 58г, 39г), 3 починати лица од Струмица ( 73г, 67г, 65г), по 2 починати лица од Велес(78г и 39г) , Гостивар (64г и 64г) и Охрид (74г и 70г), и по едно починато лице од Куманово (73г), Битола (70г) , Струга (57г) ,Кочани (79г) и Дебар (77г).

    Новозаболени се регистрирани во: Скопје – 405,Тетово – 72, Струмица – 66, Куманово – 55, Гостивар – 48, Кичево – 40, Штип – 37, Струга – 31, Охрид – 28, Битола – 27, Прилеп – 25, Велес – 24, Кавадарци – 21, Дебар – 17, Радовиш – 13, Ресен и Пробиштип – по 8, Кочани, Свети Николе и Кратово – по 7, Неготино – 6, Македонска Каменица – 5, Делчево и Виница – по 4, Гевгелија и Берово – по 3, Богданци и Македонски Брод – по 2, Крива Паланка , Валандово и Демир Хисар – по 1.

    Регистрирани се 524 оздравени пациенти од: Гостивар – 155, Скопје – 129, Тетово – 64, Струмица – 43, Кичево – 38, Куманово – 27, Битола – 14, Кавадарци – 11, Штип – 8, Велес – 5, Кочани ,Свети Николе и Кратово – по 4, Гевгелија, Дебар и Виница – по 3, Радовиш – 2, Прилеп, Неготино, Ресен, Крива Паланка, Делчево , Валандово и Дојран – по 1.

    Направени се 7.452 тестови преку: ИЈЗ-305, ЦЈЗ Скопје-69, ЦЈЗ Битола-97, ЦЈЗ Прилеп-87, ЦЈЗ Тетово–30, ЦЈЗ Куманово –79, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-9, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија – 3, ГОБ „8 Септември“-1, Институт за микробиологија–255, Жан Митрев (Филип Втори)-176, Авицена-440, Биотек-580, Систина-155, лабораторија Лаор-742, Синлаб-68, Ремедика-0, Плодност–107, Генеа -4, Никоб лаб-990, ВФВ Медикал-120, Ели Медика-186, Ројал Медика –110, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.839.

    Досега во земјата се направени вкупно 1.145.081 тестирање на ковид-19.

    Вкупно ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата се 174.667, оздравени се 154.698, починаа 5.842, а активни случаи има 14.127.

    Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

    Скопје 75239, Активни 5214
    Куманово 10113, Активни 896
    Прилеп 8602, Активни 232
    Тетово 10099, Активни 2042
    Битола 6667, Активни 254
    Велес 5731, Активни 212
    Гостивар 7503, Активни 1394
    Кавадарци 5419, Активни 197
    Охрид 5478, Активни 408
    Штип 5212, Активни 187
    Струмица 5085, Активни 698
    Струга 3530, Активни 507
    Кочани 2971, Активни 125
    Кичево 3518, Активни 636
    Гевгелија 2284, Активни 82
    Неготино 2228, Активни 39
    Свети Николе 1654, Активни 106
    Ресен 1380, Активни 118
    Крива Паланка 1264, Активни 29
    Радовиш 1316, Активни 111
    Берово 1116, Активни 36
    Делчево 1034, Активни 50
    Дебар 1293, Активни 232
    Виница 947, Активни 37
    Пробиштип 833, Активни 43
    Валандово 737, Активни 42
    Богданци 521, Активни 27
    Крушево 513, Активни 23
    Демир Хисар 411, Активни 11
    Демир Капија 401, Активни 3
    Кратово 446, Активни 57
    Македонски Брод 431, Активни 57
    Пехчево 291, Активни 6
    Македонска Каменица 265, Активни 15
    Дојран 135, Активни 1

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира