241 НОВИ ПОЗИТИВНИ НА КОВИД-19 ОД 1.700 ТЕСТА, ПОЧИНАА 8 ЛИЦА

    241 НОВИ ПОЗИТИВНИ НА КОВИД-19 ОД 1.700 ТЕСТА, ПОЧИНАА 8 ЛИЦАНа Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 17 пациенти. - Возило на Брза помош ред Инфективната клиника. (Фото: К. Попов)

    Осум лица починаа во изминатото деноноќие по компликации од коронавирус, а регистрирани се 241 позитивни на коронавирус од 1700 тестирања, соопшти Министерството за здравство.

    Починатите се по двајца пациенти од Скопје, Тетово и Струга, еден пациент од Гостивар и еден од Струмица.

    На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа тројца пациенти на возраст 59, 61 и 62 години.

    Во Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ во Скопје починаа четворица пациенти – двајца на возраст од 67 години и двајца 76 годишни пациенти.

    Во болницата во Тетово е починат пациент на возраст од 66 години.

    Во последните 24 часа се направени 1.700 тестирања, а регистрирани се 241 нови случаи на ковид-19. Од нив во: Скопје се 73, Штип-60, Куманово-10, Дебар-1, Прилеп-5, Тетово-32, Струга-3, Велес-1, Битола-3, Охрид-2, Гостивар-14, Гевгелија-6, Струмица-4, Крива Паланка-3, Радовиш-3, Крушево-1, Кочани-8, Пробиштип-1, Демир Хисар-2, Виница-1, Кратово-1, Свети Николе-5, Кичево-2.

    На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 17 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 93 пациенти. На кислородна поддршка се 44 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.

    Во болницата во Козле се хоспитализирани 15 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 7 деца позитивни на вирусот.

    Во „8 Септември“ примени се 12 нови, вкупно хоспитализирани се 87 пациент. На респираторна машина се 5 пациенти.

    Во болницата во Битола се хоспитализирани 35, а во болницата во Штип се хоспитализирани 51 пациент. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 131 пациент – позитивни и сомнителни на ковид-19.

    Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 51 оздравени лица од: Скопје-40, Битола-1, Пробиштип-1, Демир Хисар-1, Кичево-1, Ресен-7.

    Вкупно ковид дијагностицирани во земјава се 9.026, оздравени се 4.727, починаа 414, а активни случаи има 3.885. Денес се евидентира еден контролен тест од вчерашните, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
    • Скопје 4214, активни 1868
    • Куманово 904, активни 236
    • Дебар 173, активни 111
    • Штип 569, активни 272
    • Прилеп 311, активни 62
    • Тетово 938, активни 325
    • Струга 351, активни 170
    • Велес 206, активни 31
    • Битола 88, активни 43
    • Охрид 231, активни 116
    • Кавадарци 28, активни 17
    • Гостивар 286, активни 190
    • Гевгелија 19, активни 9 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци, еден е од Дојран)
    • Струмица 28, активни 19
    • Крива Паланка 22, активни 11
    • Радовиш 18, активни 14
    • Крушево 13, активни 8
    • Кочани 88, активни 20
    • Пробиштип 42, активни 26
    • Демир Хисар 14, активни 12
    • Македонски Брод 9, активни 5
    • Пехчево 6, активни 1
    • Берово 4, активни 1
    • Валандово 6, активни 0
    • Виница 5, активни 2
    • Делчево 1, активни 0
    • Кратово 10, активни 6
    • Свети Николе 184, активни 169
    • Кичево 96, активни 80
    • Ресен 140, активни 59
    • Неготино 22, активни 2 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

    Направените 1.700 теста се преку: ИЈЗ-475, ЦЈЗ Скопје-23, Авицена-216, Биотек-174, МАНУ -166, Жан Митрев (Филип Втори) –351, Систина со ПЦР метода -231, Судска медицина -10, ЦЈЗ Битола-54. Досега во земјата се направени вкупно 84916 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира