25-ГОДИШНО ЛИЦЕ ОД ОХРИД МЕЃУ 32 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19, БРОЈОТ НА АКТИВНИ СЛУЧАИ НАДМИНА 15.000

    25-ГОДИШНО ЛИЦЕ ОД ОХРИД МЕЃУ 32 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19, БРОЈОТ НА АКТИВНИ СЛУЧАИ НАДМИНА 15.000Од 708 нови случаи на коронавирусс 315 се во Скопје (Фото: СДК.МК)

    Триесет и две лица починаа од ковид-19 во изминатите 24 часа, од кои најмладиот има 25 години, додека меѓу направените 7.174 тестирања се регистрирани 708 нови случаи на коронавирус.

    Единаесет починати лица се од Скопје на возраст од 42 до 81 година, пет од Тетово (78, 78, 65, 63 и 53 години), четири од Гостивар (73, 72, 70 и 63 години), три од Куманово (80, 76 и 64 години), по две од Охрид (65 и 25 години) и Струмица (70 и 69 години) и по едно од Битола (70), Штип (58), Струга (81), Кочани (64), и Виница (47). Сите се починати во болнички услови.

    Најмногу новозаразени има во Скопје – 315, па следуваат Куманово 53, Тетово 38, Струмица 33, Штип 24, Струга 23, Кичево 21, Битола 19, Прилеп, Велес и Охрид по 18, Гостивар и Кавадарци по 17, Берово 14, Дебар 13, Делчево 9, Крива Паланка 8, Кочани, Неготино и Радовиш по 7, Свети Николе 6, Гевгелија и Кратово по 4, Ресен, Пробиштип и Македонска Каменица по 3, Пехчево 2 и Валандово, Богданци, Демир Хисар и Македонски Брод по 1.

    Регистрирани сe и 573 оздравени пациенти, од кои 199 во Скопје, 62 во Тетово, 54 во Гостивар, 53 во Куманово, 46 во Струмица, 25 во Кичево, 16 во Кавадарци, 15 во Велес, 13 во Прилеп, 12 во Дебар, 11 во Штип, 10 во Ресен, по девет во Битола и Радовиш, шест во Кочани, по пет во Свети Николе и Делчево, четири во Валандово, по три во Гевгелија, Неготино и Виница, по два во Крива Паланка и Македонска Каменица и еден во Охрид, Берово, Пробиштип, Крушево, Македонски Брод и Пехчево.

    Досега се направени вкупно 1.182.940 тестирања за коронавирус. Вкупната бројка заразени од почетокот на епидемијата изнесува 179.587, бројот на оздравени е 158.441, а починаа 6.045 лица. Моментално има 15.101 активен случај.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира