26% ОД ГРАЃАНИТЕ НА ЕУ СМЕТААТ ДЕКА МАКЕДОНИЈА ТРЕБА ДА СТАНЕ ЧЛЕНКА, 27% СЕ ПРОТИВ, ОСТАНАТИТЕ НЕ ЗНААТ ИЛИ НЕ ИМ Е ГАЈЛЕ, ПОКАЖА АНКЕТА

    26% ОД ГРАЃАНИТЕ НА ЕУ СМЕТААТ ДЕКА МАКЕДОНИЈА ТРЕБА ДА СТАНЕ ЧЛЕНКА, 27% СЕ ПРОТИВ, ОСТАНАТИТЕ НЕ ЗНААТ ИЛИ НЕ ИМ Е ГАЈЛЕ, ПОКАЖА АНКЕТААнкетата е спроведена од 7-14 ноември во Австрија, Данска, Франција, Германија, Полска и Романија. (Фото: СДК.МК)

    Граѓаните на Европската унија не се многу расположени за проширување на унијата со нови членки, посебно за земјите од Западен Балкан, покажа ново истражување на јавното мислење во шест земји членки.

    Според истражувањето на тинк-тенкот Европски совет за надворешни работи, Украина има најголема поддршка да стане членка на ЕУ, и тоа 37 отсто и таа е единствената земја од кандидатите за членство со поддршка над 30 отсто.

    Истражувањето покажа дека 26 отсто од испитаниците сметаат дека Македонија треба да ѝ се приклучи на ЕУ, 27 отсто сметаат дека не треба, 25 отсто не знаат, а 23 отсто се индиферентни.

    Најмала поддршка има за Турција (19%) и за Косово (20%).

    Анкетата е спроведена од 7-14 ноември во Австрија, Данска, Франција, Германија, Полска и Романија, на вкупно 6.153 испитаници.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира