26 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19 ОД 30 ДО 85 ГОДИНИ, УШТЕ 1.161 ПОЗИТИВЕН ОД 3.314 ТЕСТОВИ

    26 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19 ОД 30 ДО 85 ГОДИНИ, УШТЕ 1.161 ПОЗИТИВЕН ОД 3.314 ТЕСТОВИВо земјава има 21.797 активни случаи на ковид-10. (Фото: К. Попов)

    Во последните 24 часа се регистрирани 1.161 нов случај на позитивни од ковид-19, од 3.314 тестирања, а починаа 26 лица. Министерството за здравство соопшти дека во болнички услови починаа седум пациенти од Скопје (61, 66, 63, 67, 68, 64 и 30), двајца од Куманово (53 и 63), двајца од Штип (64 и 78), двајца од Прилеп (85 и 85), еден пациент од Струга (71), еден од Битола (61), четири пациенти од Гостивар (57, 83, 76 и 75), еден од Струмица (80), еден од Крива Паланка (73), двајца од Кочани (66 и 67), еден од Пробиштип (35), пациент од Делчево (64) и еден од Кичево (66г).

    Нови случаи се регистрирани во: Скопје-410, Куманово-54, Дебар-19, Штип-54, Прилеп-59, Тетово-58, Струга-25, Велес-55, Битола-75, Охрид-51, Кавадарци-55, Гостивар-38, Гевгелија-38, Струмица-27, Крива Паланка-10, Радовиш-14, Крушево-1, Кочани-28, Пробиштип-7, Демир Хисар-3, Македонски Брод-2, Пехчево-1, Берово-1, Валандово-5, Виница-2, Делчево-5, Кратово-3, Свети Николе-18, Кичево-12, Ресен-7, Неготино-24.

    Институтот за јавно здравје регистрира 806 оздравени пациенти од: Скопје-295, Куманово-34, Дебар-4, Штип-20, Прилеп-49, Тетово-45, Струга-25, Велес-29, Битола-62, Охрид-33, Кавадарци-18, Гостивар-41, Гевгелија-15, Струмица-22, Крива Паланка-8, Радовиш-3, Крушево-3, Кочани-14, Пробиштип-7, Демир Хисар-2, Македонски Брод-2, Пехчево-1, Берово-9, Валандово-4, Виница-4, Кратово-1, Свети Николе-7, Кичево-14, Ресен-16 и Неготино-19.

    Вкупно ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата се 72.044, оздравеа 48.170, починаа 2.077, а активни случаи се 21.797.

    Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
    • Скопје 31101, активни 11.152
    • Куманово 4207, активни 661
    • Дебар 545, активни 151
    • Штип 3018, активни 489
    • Прилеп 3574, активни 927
    • Тетово 4331, активни 1010
    • Струга 1724, активни 421
    • Велес 2392, активни 693
    • Битола 2589, активни 901
    • Охрид 1973, активни 579
    • Кавадарци 1614, активни 603
    • Гостивар 3020, активни 876
    • Гевгелија 912, активни 280 (65 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 156 на Богданци и 12 се странски државјани)
    • Струмица 1966, активни 560
    • Крива Паланка 515, активни 133
    • Радовиш 507, активни 132
    • Крушево 150, активни 72
    • Кочани 1402, активни 256
    • Пробиштип 399, активни 70
    • Демир Хисар 217, активни 54
    • Македонски Брод 193, активни 35
    • Пехчево 115, активни 20
    • Берово 441, активни 100
    • Валандово 246, активни 54
    • Виница 411, активни 121
    • Делчево 583, активни 273 (164 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
    • Кратово 171, активни 29
    • Свети Николе 964, активни 212
    • Кичево 1.422, активни 380
    • Ресен 549, активни 187
    • Неготино 793, активни 366 (120 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

    Направените 3.114 теста се преку: ИЈЗ-937, ЦЈЗ Скопје-57, Авицена-268, Биотек-208, МАНУ -186, Жан Митрев (Филип Втори)-210, Систина со ПЦР метода -157, лабораторија Лаор –39, Судска медицина-9, ЦЈЗ Битола-77, Инфективна клиника-5, ГАК-11, Синлаб-29, Ремедика-25, лабораторија болница Козле-19, ЈЗУ (рапид тест) -875, УК Пулмологија со алергологија –2, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 360.216 тестирања на ковид -19.

    Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на Инфективните оддели во Скопје и во болниците низ земјава е 1.340 и има околу 150 празни болнички кревети во Ковид-центрите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира