26 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19 ЗА 24 ЧАСА, УШТЕ 324 ПОЗИТИВНИ ОД 2.660 ТЕСТОВИ, АКТИВНИ СЕ 11.874 БОЛНИ

    26 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19 ЗА 24 ЧАСА, УШТЕ 324 ПОЗИТИВНИ ОД 2.660 ТЕСТОВИ, АКТИВНИ СЕ 11.874 БОЛНИВо изминатите 24 часа во Kовид-центрите во Скопје се хоспитализирани 27 нови пациенти. (Фото: К. Попов)

    Дваесет и шест лица починаа по компликации од ковид-19 во изминатото деноноќие, а од 2.660 тестирања регистрирани се 324 нови случаи, вели Министерството за здравство.

    Починати се 8 лица од Скопје (52г,59г,63г,66г,71г,77г,80г и 83г), по 2 починати лица од Куманово (77г и 86г), Прилеп (73г и 83г) и Гостивар (62г и 69г) и по 1 починато лице од Велес (78г), Кавадарци (75г), Охрид (73г), Штип (67г), Струмица (65г), Кочани (68г), Кичево (71г), Ресен (77г), Радовиш (65г), Берово (75г), Делчево (57г) и Валандово (72г). Од пријавените, 24 се починати во болнички, а 2 лица во домашни услови.

    Новозаболени се регистрирани во: Скопје – 110, Куманово – 44, Охрид – 18, Струмица – 17, Прилеп и Тетово– 13, Штип – 11, Битола, Велес и Кичево – по 10, Свети Николе – 9, Кочани и Виница – по 8, Радовиш –6, Гостивар и Дебар – по 4, Кавадарци, Гевгелија, Ресен, Крива Паланка, Кратово и Македонска Каменица – по 3, Струга, Неготино, Берово и Делчево – по 2, Пробиштип, Валандово и Демир Хисар – по 1.

    На Инфективните оддели во Скопје и во болниците низ земјава лежат 926 и има околу 800 празни болнички кревети во Ковид-центрите.

    Регистрирани се 1.178 оздравени пациенти од: Скопје – 575, Куманово – 76, Прилеп и Кавадарци – по 54, Битола – 53, Велес – 43, Тетово – 40, Штип – 36, Крушево – 27, Гостивар – 26, Гевгелија и Неготино – по 18, Кочани – 17, Кичево – 14, Струмица – 13, Охрид – 12, Виница и Ресен – по 11, Демир Хисар – 10, Берово и Македонски Брод – 9, Струга – 8, Свети Николе и Делчево – по 7, Радовиш, Крива Паланка и Демир Капија – по 5, Дебар и Богданци – по 4, Пехчево – 3, Кратово, Македонска Каменица, Пробиштип и Дојран – 1.

    Направени се 2.660 тестови преку: ИЈЗ-373, ЦЈЗ Скопје-59, ЦЈЗ Битола-57, ЦЈЗ Прилеп-20, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-7, лабораторија болница Козле-6, УК Пулмологија со алергологија–2, ГОБ „8 Септември“-15, Институт за микробиологија–75, МАНУ-105, Жан Митрев (Филип Втори)-117, Авицена-232, Биотек-525, Систина-142, лабораторија Лаор-138, Синлаб-31, Ремедика-38, Плодност–27, Генеа–2, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 689.

    Досега во земјата се направени вкупно 731.997 тестирања на ковид-19.

    Вкупно ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата се 153.461, оздравени се 136.545, починаа 5.042, а активни случаи се 11.874.

    Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

    Скопје 67724, активни 5445
    Куманово 8651, активни 935
    Прилеп 8221, активни 485
    Тетово 7149, активни 480
    Битола 6195, активни 748
    Велес 5433, активни 413
    Гостивар 5139, активни 306
    Кавадарци 5132, активни 261
    Охрид 4950, активни 454
    Штип 4921, активни 262
    Струмица 4055, активни 246
    Струга 2951, активни 147
    Кочани 2749, активни 166
    Кичево 2497, активни 250
    Гевгелија 2182, активни 181
    Неготино 2169, активни 158
    Свети Николе 1508, активни 105
    Ресен 1219, активни 184
    Крива Паланка 1213, активни 46
    Радовиш 1103, активни 84
    Берово 1020, активни 22
    Делчево 958, активни 72
    Дебар 935, активни 25
    Виница 838, активни 112
    Пробиштип 776, активни 21
    Валандово 662, активни 20
    Богданци 492, активни 48
    Крушево 486, активни 73
    Демир Капија 394, активни 14
    Демир Хисар 391, активни 59
    Кратово 359, активни 9
    Македонски Брод 356, активни 9
    Пехчево 264, активни 14
    Македонска Каменица 237, активни 16
    Дојран 132, активни 4

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира