29 НОВОЗАБОЛЕНИ ОД КОВИД-19 ОД 362 ТЕСТИРАЊА, ПОЧИНАА 4 ЛИЦА ОД ПРИЛЕП И КОЧАНИ

    29 НОВОЗАБОЛЕНИ ОД КОВИД-19 ОД 362 ТЕСТИРАЊА, ПОЧИНАА 4 ЛИЦА ОД ПРИЛЕП И КОЧАНИВладата одлучи дека денес, на 2 и 3 мај, ќе биде дозволено движењето на граѓаните од 05 часот до 14 часот. Забраната за движење во целата држава ќе почнува во 14 часот и ќе трае до 05 часот следниот ден. (Фото: К. Попов)

    Шеесет и девет пациенти се регистрирани за оздравени во изминатите 24 часа во Институтот за јавно здравје. Како што соопшти Министерството за здравство, оздравените пациенти се од : Скопје-18, Куманово-36, Дебар-1, Штип-1, Велес-10, Гевгелија -1. Во изминатите 24 часа направени се 362 тестирања, а потврдени се 29 нови случаи на КОВИД-19 и тоа во: Скопје-11, Куманово-4, Прилеп-3, Тетово-2, Велес-6, Кочани-3.

    На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа две лица од Прилеп, пациентка на возраст од 55 години лекувана на клиниката од 24 април и 87- годишен пациент лекуван на клиниката од 27 април, и двајцата со тешка форма на болеста и респираторна слабост. Институтот регистрира уште едно починато лице во Прилеп, жена на возраст од 69 години, позитивна на вирусот, починала дома. Во Градската општа болница „8 Септември“ почина пациент од с. Зрновци (Кочани) на 62-годишна возраст, на болничко лекување од 21 април.

    Со ова, вкупнo дијагностицирани  се 1.494, од кои оздравени 807, починати 81, а активни случаи 606.

    Последната дистрибуција по градови е следна:

    Скопје – 509
    Куманово – 393
    Дебар – 51
    Штип-34
    Прилеп –153
    Тетово – 84
    Струга – 66
    Велес – 77
    Битола –19
    Охрид –15
    Кавадарци – 5
    Гостивар –17
    Гевгелија – 4
    Струмица – 2
    Крива Паланка-5
    Радовиш – 4
    Крушево – 3
    Кочани – 31
    Пробиштип – 2
    Кичево – 2
    Неготино -9 (*7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
    Демир Хисар – 1
    Македонски Брод -2
    Пехчево- 2
    Делчево-1
    Валандово -1
    Виница – 2

    Направените 362 теста се преку: ИЈЗ –285, Ветеринарен факултет -11, Авицена –9, Биотек –26, Филип Втори (Жан Митрев) –0, Систина со ПЦР метода -21 и МАНУ -10. Досега во земјата се направени вкупно 16.798 тестирања на КОВИД -19.

    На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби се примени 2 нови пациенти, а вкупно се хоспитализирани 48. На кислородна поддршка се 27, а на механичка вентилација е 1 пациент.

    Во ГОБ „8 Септември“ примени се 3 нови, а вкупно хоспитализирани 26 пациенти. Од нив 4 пациенти се на респираторна машина и уште 3 со потешка клиничка слика.

    Во болницата во Битола се лекуваат 4 пациенти, а на домашно лекување се следат 3. Во болницата во Штип се хоспитализирани 2 пациенти, а уште 4 се следат на домашно лекување. На ифективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово, Охрид, Гостивар и Тетово се хоспитализирани вкупно 44 позитивни и суспектни на КОВИД-19.

    Од денес се казнува непочитување на Уредбата за носење на заштитна опрема. Дваесет евра е казната за неносење заштитна маска за физички лица, а 2.000 евра е казната за домашни и странски фирми кои не обезбедиле заштитни маски за вработените заради заштита од коронавирусот, стои во уредбата која jа донесе Владата на 22 април.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира