До 15 часот на гласање во вториот круг од претседателските избори излегле 30,15 отсто од избирачите, соопшти Државната изборна комисија. Од обработени 99,39 отсто од 3.512 избирачки места, тоа се 541.885
гласачи од вкупно 1.808.131 граѓани со право на глас.
За да биде избран претседател во вториот круг, потребно е да гласаат 40 отсто од избирачите, односно 723252 гласачи. Во првиот круг, излезноста до 15 часот беше 28,2 отсто, или 507.129 гласачи. Избирачките места се отворени до 19 часот.
„Гласањето тече мирно, непрекинато и без неправилности“, велат од ДИК.
Најголема излезност по општини има во Македонски Брод – 49,45%, Крива Паланка – 52,61%, Демир Капија – 49,17% и Демир Хисар – 48,09%., а најмала во во Желино – 9,03%, Боговиње – 10,49% и Центар Жупа 11,96%.
Во Ново Село и Охрид денеска се одржува и вториот круг од изборите за градоначалник.