30 ДЕНА ПРИТВОР ЗА 34-ГОДИШНИК КОЈ СИЛУВАЛ 15-ГОДИШНО ДЕТЕ ВО ТЕТОВО

    30 ДЕНА ПРИТВОР ЗА 34-ГОДИШНИК КОЈ СИЛУВАЛ 15-ГОДИШНО ДЕТЕ ВО ТЕТОВОНа осомничениот му е определена мерка притвор во траење од 30 дена. (Фото: СДК.МК)

    Основното јавно обвинителство Тетово спроведува истрага против 34-годишник за кого постои основано сомнение дека силувал 15-годишно дете. Осомничениот се товари за кривично дело Силување дете кое не наполнило 15 години, казниво според член 188 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

    Осомничениот на 28.11.2024 година, во напуштен локал од градскиот трговски центар во Тетово, со употреба на сериозна закана со нож, насилно извршил полов однос со дете родено 2010 година, по што избегал. Детето исплашено од заканите на осомничениот кажало за настанот само на еден другар, сè до 04.02.2025 година кога дознал братот на жртвата и веднаш пријавил во полиција“, велат од Обвинителството.

    По предлог на јавниот обвинител, на осомничениот му е определена мерка притвор во траење од 30 дена.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира