Одреден е притвор од 30 дена за кочанчанецот кој вчера со 42 убоди уби жена со која бил во љубовна врска. Основното јавно обвинителство Кочани донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 59-годишниот маж поради основано сомнение дека сторил кривично дело –Убиство според член 123 став 2 точка 1 од Кривичниот законик.
„Осомничениот, на 25 септември, на свиреп начин лишил од живот една жена, нанесувајќи ѝ многубројни убоди со нож. Тој од дома зел кујнски нож и знаејќи го патот по кој оштетената се движи кога оди кон работа, ја пречекал и ѝ задал повеќе убодни рани во пределот на градите, стомакот, вратот и рацете. Од повредите, жртвата починала на лице место“, велат од Оббинителството.
Убиената Т. М.(46) против У. М.(59) до ОВР Кочани поднела пријава на 16 мај, со објаснување дека подолг период била уценувана од него со кого била во љубовна врска, и ѝ се заканувал дека ќе објави компромитирачки фотографии и видеа ако не му даде пари.