30 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19, УШТЕ 447 ПОЗИТИВНИ ОД 3.034 ТЕСТОВИ, АКТИВНИ СЕ 15.267 БОЛНИ

    30 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19, УШТЕ 447 ПОЗИТИВНИ ОД 3.034 ТЕСТОВИ, АКТИВНИ СЕ 15.267 БОЛНИВо изминатите 24 часа во Kовид-центрите во Скопје се хоспитализирани 53 нови пациенти. (Фото: СДК.МК)

    Во болнички услови по компликации од ковид-19 починаа 30 пациенти, а од 3.034 тестирања регистрирани се 447 нови случаи, соопшти Министерството за здравство.

    Пријавени се 8 починати од Скопје (57г, 57г , 60г, 64г, 64г, 67г, 86г и 92г), 6 лица од Струмица (66г, 68г, 72г, 72г, 73г и 77г), по 2 лица од Кичево (56г и 66г), Кочани (69г и 84г), Неготино (75г и 83г) и Прилеп (60г и 73г) и по едно починато лице од Берово (70г), Битола (70г), Гевгелија (76г), Гостивар (73г), Делчево (83г), Кавадарци (78г), Охрид (84г) и Пробиштип (68г).

    Новозаболени се регистрирани во: Скопје –191, Куманово – 36, Прилеп – 26, Струмица – 21, Битола – 19, Велес – 18, Тетово – 17, Гостивар – 16, Кочани – 15, Неготино – 11, Охрид – 10, Кичево и Радовиш – по 7, Кавадарци – 6, Штип, Берово и Виница – по 5, Гевгелија, Свети Николе и Валандово – по 4, Богданци и Крушево – по 3, Струга, Крива Паланка и Демир Хисар – по 2, Ресен, Делчево, Дебар, Пробиштип, Демир Капија, Македонски Брод, Пехчево и Македонска Каменица – по 1.

    На Инфективните оддели во Скопје и во болниците низ земјава лежат 1.334 и има околу 580 празни болнички кревети во Ковид-центрите.

    Регистрирани се 620 оздравени пациенти од: Скопје – 272, Куманово – 56, Прилеп – 55, Битола – 34, Велес – 25, Тетово и Охрид – по 23, Струмица – 20, Штип – 18, Гевгелија – 15, Кичево – 11, Струга и Кочани – по 10, Радовиш – 7, Гостивар и Свети Николе – по 6, Ресен и Дебар – по 5, Богданци – 4, Крива Паланка и Виница – по 3, Кавадарци и Македонски Брод – по 2, Неготино, Берово, Валандово, Демир Хисар и Дојран – по 1.

    Направени се 3.034 тестови преку: ИЈЗ-436, ЦЈЗ Скопје-53, ЦЈЗ Битола-61, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – 1, Судска медицина – 4, лабораторија болница Козле – 0, УК Пулмологија со алергологија – 1, ГОБ „ 8 Септември“ – 18, Институт за микробиологија – 78, МАНУ – 86, Жан Митрев (Филип Втори) – 160, Авицена -286, Биотек – 516, Систина – 184, лабораторија Лаор – 313, Синлаб – 48, Ремедика – 44, Плодност – 46, Генеа – 1, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 698.

    Досега во земјата се направени вкупно 716.173 тестирања на ковид-19.

    Во земјава од почетокот на епидемијата вкупно ковид дијагностицирани лица се 151.569, оздравени се 131.530, починаа 4.772, а активни случаи се 15.267.

    Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

    Скопје 66972, активни 6883
    Куманово 8461, активни 1070
    Прилеп 8142, активни 724
    Тетово 7074, активни 564
    Битола 6095, активни 1002
    Велес 5372, активни 544
    Гостивар 5106, активни 387
    Кавадарци 5089, активни 369
    Штип 4871, активни 397
    Охрид 4874, активни 457
    Струмица 3975, активни 534
    Струга 2920, активни 146
    Кочани 2709, активни 267
    Кичево 2445, активни 262
    Гевгелија 2168, активни 253
    Неготино 2147, активни 185
    Свети Николе 1475, активни 112
    Крива Паланка 1205, активни 64
    Ресен 1202, активни 200
    Радовиш 1086, активни 108
    Берово 1010, активни 63
    Делчево 947, активни 89
    Дебар 928, активни 39
    Виница 800, активни 118
    Пробиштип 769, активни 32
    Валандово 660, активни 72
    Богданци 486, активни 61
    Крушево 476, активни 96
    Демир Капија 394, активни 25
    Демир Хисар 385, активни 67
    Кратово 352, активни 9
    Македонски Брод 352, активни 22
    Пехчево 261, активни 22
    Македонска Каменица 229, активни 14
    Дојран 132, активни 10

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира