Македонци, Албанци, Срби, Роми, Власи, Бошњаци се обединивме и за првпат во историјата на Македонија застануваме зад еден кандидат, Стево Пендаровски, објави Заев по средбата со 30-темина лидери на политички партии од коалицијата на СДСМ.
Заев нагласи дека сите застануваат всушност зад “натпартиски, европски, граѓански кандидат за претседател на Република Северна Македонија”.
Заев им се заблагодари на останатите кандидати за консензуален претседател, на Радмила Шеќеринска, Никола Димитров и Оливер Спасовски, кои ги нарече локомотиви во владата.
Во недела СДСМ ќе одржи конгрес рече Заев, бидејќи органите на партијата треба да го верификуваат договорениот кандидат за претседател на Македонија.
С. К. ДЕЛЕВСКА