34-ГОДИШЕН КУМАНОВЕЦ МЕЃУ 25-ТЕ ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19, УШТЕ 1.064 ПОЗИТИВНИ ОД 3.096 ТЕСТОВИ

    34-ГОДИШЕН КУМАНОВЕЦ МЕЃУ 25-ТЕ ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19, УШТЕ 1.064 ПОЗИТИВНИ ОД 3.096 ТЕСТОВИНа Клиниката за инфективни болести во изминатото деноноќие имало 20 приеми, а во Ковид-центарот во „8 Септември“ се примени 10 нови пациенти. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Дваесет и пет пациенти починаа во последните 24 часа по компликации од ковид-19, а од 3.096 тестирања, регистрирани се 1.064 нови случаи на ковид-19.

    Според статистиката на Министерството за здравство, починаа тројца пациенти од Скопје (62, 82 и 75), тројца од Тетово (46, 77 и 83), двајца од Прилеп (71 и 79), еден од Крушево (40), пет пациенти од Куманово (34, 49, 49, 66 и 62), четири пациенти од Битола (71,72, 73 и 75), еден пациент од Гостивар (65), еден од Кавадарци (69),еден од Крива Паланка (75), еден пациент од Струмица (70), еден пациент од Валандово (60), еден пациент од Пехчево (69) и еден пациент од Свети Николе (68). Од нив, двајца пациенти се починати вон, останатите во болнички услови.

    Од новозаболените, 541 се регистрирани во Скопје, во Куманово-57, Дебар-4, Штип-46, Прилеп-24, Тетово-57, Струга-23, Велес-44, Битола-43, Охрид-33, Кавадарци-25, Гостивар-12, Гевгелија-11, Струмица-23, Крива Паланка-8, Радовиш-12, Крушево-2, Кочани-10, Пробиштип-4, Демир Хисар-2, Македонски Брод- 4, Пехчево-7, Берово-3, Валандово-3, Виница-3, Делчево-3, Кратово-2, Свети Николе-17, Кичево-25, Ресен-6, Неготино-10.

    Во изминатите 24 часа во Ковид-центрите во земјава е пријавено дека се лекуваат 569 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. Во регионалните центри во Битола и Штип се хоспитализирани дополнителни 133 болни, со што вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на ковид-19 вирусот кои болнички се лекуваат во ковид центрите е 702.

    Во болниците во внатрешноста има околу 90 слободни болнички кревети, а се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

    Институтот за јавно здравје регистрира 507 оздравени пациенти од: Скопје-163, Куманово-36, Дебар-4, Штип-19, Прилеп-30, Тетово-30, Струга-16, Велес-39, Битола-20, Охрид-21, Кавадарци-17, Гостивар-15, Гевгелија-9, Струмица-24, Крива Паланка-2, Радовиш-2, Крушево-1, Кочани-17, Пробиштип-8, Демир Хисар-1, Македонски Брод-1, Берово-2, Валандово-3, Виница-5, Кратово-2, Свети Николе-6, Кичево-9, Ресен-3, Неготино-2.

    Вкупно ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата се 44.898, оздравеа 26.289, починаа 1.263, а 17.346 се активни случаи. Денеска се евидентира еден контролен тест од вчера, а според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
    • Скопје 19.736, активни 8.137
    • Куманово 2.940, активни 783
    • Дебар 406, активни 91
    • Штип 2.100, активни 487
    • Прилеп 2.024, активни 824
    • Тетово 3.056, активни 1037
    • Струга 1.030, активни 245
    • Велес 1.356, активни 740
    • Битола 1240, активни 625
    • Охрид 1.092, активни 475
    • Кавадарци 835, активни 383
    • Гостивар 1.658, активни 522
    • Гевгелија 552, активни 221 (26 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 95 на Богданци и 12 се странски државјани)
    • Струмица 1.303, активни 625
    • Крива Паланка 322, активни 109
    • Радовиш 336, активни 128
    • Крушево 62, активни 34
    • Кочани 975, активни 312
    • Пробиштип 287, активни 99
    • Демир Хисар 145, активни 71
    • Македонски Брод 123, активни 20
    • Пехчево 79, активни 19
    • Берово 272, активни 79
    • Валандово 129, активни 38
    • Виница 262, активни 130
    • Делчево 338, активни 180 (87 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
    • Кратово 112, активни 69
    • Свети Николе 603, активни 149
    • Кичево 884, активни 388
    • Ресен 328, активни 116
    • Неготино 313, активни 210 (24 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

    Направените 3.096 теста се преку: ИЈЗ-717, ЦЈЗ Скопје-142, Авицена-354, Биотек-409, МАНУ -273, Жан Митрев (Филип Втори) -249, Систина со ПЦР метода -347, лабораторија Лаор –41, Судска медицина-19, ЦЈЗ Битола-93, Инфективна клиника-17, ГАК-0, Синлаб-81, Ремедика-24, лабораторија болница Козле-19, ЈЗУ (рапид тест) -311, УК Пулмологија со алергологија – 0, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 286.181 тестирања на ковид -19.

    Активни случаи по општини во Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје):
    • Чаир – 485
    • Гази Баба – 1124
    • Аеродром -1270
    • Карпош – 1055
    • Центар – 1026
    • Кисела Вода – 1008
    • Ѓорче Петров – 670
    • Бутел – 420
    • Шуто Оризари – 138
    • Студеничани – 40
    • Сарај – 100
    • Арачиново -21
    • Илинден – 197
    • Сопиште – 64
    • Чучер Сандево – 77
    • Петровец –81
    • Зелениково -52
    • Странец – 140
    • Нераспределен- 169

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира