35-ГОДИШНО ЛИЦЕ МЕЃУ 24 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19, 1.299 НОВИ ПОЗИТИВНИ ОД 5.057 ТЕСТОВИ

    35-ГОДИШНО ЛИЦЕ МЕЃУ 24 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19, 1.299 НОВИ ПОЗИТИВНИ ОД 5.057 ТЕСТОВИБројката од 5.057 тестови е најголема од почетокот на коронакризата. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Триесет и петгодишно лице е меѓу 24-те починати од ковид-19 во изминатото деноноќие, а од 5.057 тестирања регистрирани се 1.299 нови случаи или 25,6 отсто позитивни од бројот на тестирани, вели Министерството за здравство. Бројката од 5.057 тестови е најголема од почетокот на коронакризата. Изминатава недела, највисок процент на позитивни од број на тестирани, 32.3 отсто, беше регистриран во четвртокот. Од почетокот на пандемијата, со 1.406 позитивни од 3.398 тестови на 18 ноември лани беше највисоката дневна бројка заразени воопшто, 41,3 % позитивни од тестираните.

    Починатите се на возраст од 35 – 82 години и тоа: 7 пациенти од Скопје, од Кавадарци – 5, од Прилеп – 4, од Гевгелија – 2, и по едно починато лице се регистрира од Тетово, Велес, Кочани, Кичево, Ресен и Радовиш. Сите пријавени се починати во болнички услови.

    Новозаболени се регистрирани во: Скопје – 672, Прилеп – 70, Куманово – 62, Битола – 47, Велес – 44, Охрид – 43, Кавадарци – 38, Неготино – 36, Гостивар – 34, Тетово – 32, Струмица – 30, Кочани – 21, Штип -20, Кичево – 18, Гевгелија – 17, Свети Николе – 16, Радовиш – 13, Ресен – 12, Струга – 11, Валандово – 9, Берово – 8, Крива Паланка и Богданци – по 7, Пробиштип – 6, Делчево и Македонски Брод – по 5, Виница и Крушево – по 4, Демир Хисар и Дојран – по 3, Дебар и Кратово – по 1 .

    Регистрирани се 413 оздравени пациенти од: Кавадарци – 113, Скопје – 67, Неготино – 62, Прилеп – 36, Куманово – 21, Велес – 18, Тетово, Штип, Битола, Струмица и Кочани – 11, Гостивар и Гевгелија – по 9, Демир Капија – 5, Свети Николе и Делчево – по 3, Ресен, Валандово, Богданци и Кратово – по 2, Радовиш, Пробиштип, Виница и Демир Хисар – по 1.

    Направени се 5.057 тестови преку: ИЈЗ-1233, ЦЈЗ Скопје-93, ЦЈЗ Битола-81, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-2, Судска медицина-73, лабораторија болница Козле-20, УК Пулмологија со алергологија–9, ГОБ 8-ми Септември-0, Жан Митрев (Филип Втори)-177, Авицена-402, Биотек-453, Систина-327, лабораторија Лаор–455, Синлаб-156, Ремедика-40, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.536.

    Досега во земјата се направени вкупно 587.546 тестирања на ковид-19.

    Од почетокот на епидемијата во земјава се дијагностицирани 118.736, оздравени се 100.250, починаа 3.448, а активни случаи се 15.038.

    Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

    Скопје 52851, активни 7736
    Прилеп 6457, активни 953
    Куманово 6214, активни 538
    Тетово 5971, активни 445
    Гостивар 4223, активни 376
    Кавадарци 4071, активни 626
    Штип 3956, активни 271
    Велес 3980, активни 452
    Битола 3934, активни 452
    Охрид 3762, активни 553
    Струмица 3021, активни 256
    Струга 2559, активни 162
    Кочани 2083, активни 209
    Кичево 1876, активни 90
    Неготино 1750, активни 432
    Гевгелија 1592, активни 333
    Свети Николе 1182, активни 62
    Крива Паланка 1010, активни 140
    Ресен 927, активни 122
    Дебар 814, активни 20
    Радовиш 829, активни 80
    Делчево 794, активни 66
    Берово 749, активни 85
    Пробиштип 628, активни 70
    Виница 556, активни 32
    Валандово 461, активни 85
    Крушево 403, активни 128
    Богданци 367, активни 72
    Кратово 307, активни 23
    Демир Хисар 312, активни 45
    Демир Капија 321, активни 78
    Македонски Брод 270, активни 18
    Пехчево 205, активни 15
    Македонска Каменица 195, активни 3
    Дојран 106, активни 10

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира