35-ГОДИШНО ЛИЦЕ ОД КУМАНОВО МЕЃУ 15-ТЕ ПОЧИНАТИ ОД КОРОНАВИРУС, УШТЕ 493 ПОЗИТИВНИ ОД 2.366 ТЕСТОВИ

    35-ГОДИШНО ЛИЦЕ ОД КУМАНОВО МЕЃУ 15-ТЕ ПОЧИНАТИ ОД КОРОНАВИРУС, УШТЕ 493 ПОЗИТИВНИ ОД 2.366 ТЕСТОВИНа Инфективните одделенија во земјава лежат 91 болни од ковид-19. (Фото: СДК.МК)

    Триесет и петгодишно лице од Куманово е најмладиот пациент од 15-те починати од ковид-19 во последните 24 часа. Од направени 2.366 тестирања, регистрирани се 493 нови случаи на ковид-19, соопшти Министерството за здравство.

    Починаа уште четворица пациенти од Скопје (47, 58, 81 и 56), двајца од Струга (75 и 64), еден од Велес (70), двајца пациенти од Битола (70 и 56), еден од Охрид (80), еден од Кавадарци (73), еден од ПЕ Гевгелија/ Богданци (63), еден пациент од Крива Паланка (65) и еден пациент од Неготино (67). Пациентите се починати во болнички услови.

    Новозаболени се регистрирани во : Скопје-210, Куманово-28, Штип-14, Прилеп-14, Тетово-7, Струга-6, Велес-34, Битола-15, Охрид-24, Кавадарци-32, Гостивар-10, Гевгелија-17, Струмица-17, Крива Паланка-6, Радовиш-7, Крушево-1, Кочани-5, Пробиштип-3, Македонски Брод-1, Демир Хисар-1, Пехчево-5, Берово-6, Валандово-5, Виница-1, Свети Николе-2, Кичево-9, Ресен-5, Неготино-8.

    На Инфективните одделенија во земјава лежат 91 болни од ковид-19, а има околу 400 празни места во Ковид-центрите.

    Институтот за јавно здравје регистрира 450 оздравени пациенти од: Скопје-154, Дебар-15, Штип-32, Прилеп-32, Тетово-18, Струга-16, Велес-27, Битола-34, Кавадарци-23, Гостивар-17, Гевгелија-11, Струмица-14, Крива Паланка-4, Радовиш-6, Кочани-1, Пробиштип-5, Македонски Брод-2, Валандово-1, Виница-3, Кратово-1, Свети Николе-6, Кичево-8, Ресен-1 и Неготино-19.

    Од почетокот на епидемијата во земјава заболеа 82.794, оздравеа 60.706, починаа 2.488, а активни случаи се 19.600. Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
    • Скопје 35.747, активни 11.373
    • Куманово 4.725, активни 604
    • Дебар 617, активни 109
    • Штип 3.291, активни 258
    • Прилеп 4.194, активни 566
    • Тетово 4.735, активни 849
    • Струга 2.017, активни 332
    • Велес 2.750, активни 482
    • Битола 3.009, активни 543
    • Охрид 2.405, активни 589
    • Кавадарци 2.098, активни 561
    • Гостивар 3.368, активни 562
    • Гевгелија 1.159, активни 296 (76 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 196 на Богданци и 12 се странски државјани)
    • Струмица 2.298, активни 618
    • Крива Паланка 616, активни 117
    • Радовиш 611, активни 113
    • Крушево 163, активни 71
    • Кочани 1.588, активни 235
    • Пробиштип 445, активни 43
    • Демир Хисар 235, активни 40
    • Македонски Брод 215, активни 26
    • Пехчево 154, активни 31
    • Берово 495, активни 47
    • Валандово 309, активни 65
    • Виница 443, активни 60
    • Делчево 665, активни 201 (182 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
    • Кратово 193, активни 20
    • Свети Николе 1.036, активни 102
    • Кичево 1.566, активни 234
    • Ресен 639, активни 139
    • Неготино 1.008, активни 314 (159 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

    Направените 2.366 теста се преку: ИЈЗ-426, ЦЈЗ Скопје-56, Авицена-245, Биотек-181, МАНУ -142, Жан Митрев (Филип Втори)-109, Систина со ПЦР метода -183, лабораторија Лаор –42, Судска медицина-7, ЦЈЗ Битола-64, Инфективна клиника-2, ГАК-8, Синлаб-29, Ремедика-11, лабораторија болница Козле-16, ЈЗУ (рапид тест) -845, УК Пулмологија со алергологија –0, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 399.163 тестирања на ковид -19.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира