36 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19, ОД КОИ 14 ОД 1 ДО 17 АПРИЛ, УШТЕ 214 ПОЗИТИВНИ ОД 2.276 ТЕСТОВИ

    36 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19, ОД КОИ 14 ОД 1 ДО 17 АПРИЛ, УШТЕ 214 ПОЗИТИВНИ ОД 2.276 ТЕСТОВИВо скопските Ковид-центри за 24 часа се примени 24 нови пациенти, а лежат 473. (Фото: К. Попов)

    Триесет и шест лица се пријавени за починати од ковид-19 во денешната статистика на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), но од нив 14 пациенти се починати во периодот од 1 до 17 април, соопшти Министерството за здравство.

    Во последните 24 часа се направени 2.276 тестирања, а регистрирани се 214 нови случаи на на ковид-19.

    Пријавени се 11 починати од Скопје ( 63г, 65г, 65г, 68г, 70г, 71г, 72г, 75г, 76г, 79г и 86г ), 5 лица од Битола (52г, 60г, 66г, 68г и 70г ), 3 лица од Куманово (68г, 79г и 84г) по 2 лица од Тетово (76г и 82г), Велес (58г и 71г), Гостивар (73г и 74г), Кавадарци (70г и 75г), Струмица (64г и 78г) и Гевгелија (60г и 68г), и по едно починато лице од Прилеп (88г), Охрид (87г), Струга (46г), Кочани (82г) и Кичево (68г). Тројца пациенти се починати во домашни услови, а останатите 33 се починати во болнички услови.

    На Инфективните оддели во Скопје и во болниците низ земјава лежат 1.147 и има околу 740 празни болнички кревети во Ковид-центрите.

    Нови случаи се регистрирани во: Скопје – 94, Куманово – 29, Тетово – 19, Прилеп и Виница – по 7, Охрид – 6, Велес, Кочани, Неготино и Свети Николе – по 5, Штип и Струмица – по 4, Битола, Кавадарци, Струга и Кичево – по 3, Гостивар, Радовиш и Богданци – по 2, Гевгелија, Ресен, Делчево, Пробиштип, Крушево и Македонски Брод – по 1.

    Регистрирани се 305 оздравени пациенти од: Скопје – 105, Куманово – 39, Прилеп – 27, Велес – 19, Битола – 17, Тетово – 15, Кочани – 14, Охрид – 13, Кичево – 12, Штип – 9, Струмица – 6, Валандово – 5, Гостивар – 4, Струга, Гевгелија и Свети Николе – по 3, Кавадарци, Крушево и Пехчево – по 2, Берово, Виница, Демир Хисар, Кратово и Дојран – по 1.

    Направени се 2.276 тестови преку: ИЈЗ-262, ЦЈЗ Скопје-33, ЦЈЗ Битола-0, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – 0, Судска медицина – 0, лабораторија болница Козле – 0, УК Пулмологија со алергологија – 1, ГОБ „8 Септември“ – 9, Институт за микробиологија – 73, МАНУ – 64, Жан Митрев (Филип Втори) – 93, Авицена -132, Биотек – 595, Систина – 89, лабораторија Лаор – 467, Синлаб – 43, Ремедика – 28, Плодност – 44, Генеа – 0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 343.

    Досега во земјата се направени  723.722 тестирања на ковид-19.

    Вкупно ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата се 152.581, оздравени се 133.070, починати се 4.891, а активни случаи се 14.620.

    Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

    Скопје 67404, активни 6635
    Куманово 8556, активни 1077
    Прилеп 8179, активни 658
    Тетово 7114, активни 551
    Битола 6151, активни 928
    Велес 5407, активни 511
    Гостивар 5119, активни 350
    Кавадарци 5112, активни 362
    Штип 4894, активни 364
    Охрид 4913, активни 456
    Струмица 4011, активни 485
    Струга 2943, активни 159
    Кочани 2726, активни 229
    Кичево 2474, активни 257
    Гевгелија 2177, активни 230
    Неготино 2158, активни 184
    Свети Николе 1493, активни 118
    Крива Паланка 1208, активни 60
    Ресен 1210, активни 193
    Радовиш 1090, активни 101
    Берово 1015, активни 50
    Делчево 952, активни 84
    Дебар 930, активни 36
    Виница 824, активни 130
    Пробиштип 773, активни 33
    Валандово 660, активни 59
    Богданци 491, активни 63
    Крушево 481, активни 99
    Демир Капија 394, активни 24
    Демир Хисар 388, активни 67
    Кратово 353, активни 9
    Македонски Брод 355, активни 18
    Пехчево 262, активни 18
    Македонска Каменица 232, активни 15
    Дојран 132, активни 7

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира