38 СТАРИ АРМИСКИ И ПОЛИЦИСКИ ВОЗИЛА ПРЕНАМЕНЕТИ ЗА ГАСЕЊЕ ПОЖАРИ

    38 СТАРИ АРМИСКИ И ПОЛИЦИСКИ ВОЗИЛА ПРЕНАМЕНЕТИ ЗА ГАСЕЊЕ ПОЖАРИСо овие возила ќе се интервенира на тешко пристапни предели. (Фото: Влада)

    Стари армиски и полициски возила што не се користеле со години се ставени во функција за гасење пожари. Станува збор за 38 возила кои биле неупотребливи и расходовани, а сега ќе бидат под надлежност на Дирекцијата за заштита и спасување и со нив ќе се интервенира на тешко пристапни места.

    „За првпат имаме неспоредливо поголем број ресурси за гасење пожари. Станува збор за најдобри теренски возила кои со еден и пол тони вода можат да стигнат онаму каде што луѓе тешко можат да се пробијат“, рече директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов на денешната промоција на возилата.

    Премиерот Христијан Мицкоски кажа дека овие возила не биле возени осум години, а за нивното оспособување не се потрошени пари од буџетот, туку тоа е направено со донација од општествено одговорни компании.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира