4 ПОЧИНАТИ И 178 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19 ОД 1.368 ТЕСТОВИ ВО ИЗМИНАТОТО ДЕНОНОЌИЕ

    4 ПОЧИНАТИ И 178 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19 ОД 1.368 ТЕСТОВИ ВО ИЗМИНАТОТО ДЕНОНОЌИЕВкупната бројка на починати досега е 693, а во моментов активни се 2.179. - Од тестирање на Инфективната клиника (Фото: Ѓ. Личовски)

    Регистрирани се 178 нови случаи на ковид-19 од направени 1.368 тестирања во изминатите 24 часа, соопшти Министерството за здравство. По градови, новите случаи се од: Скопје 42, Куманово 19, Дебар 1, Штип 1, Прилеп 16, Тетово 14, Струга 5, Велес 5, Битола 4, Охрид 3, Кавадарци 1, Гостивар 1, Гевгелија 4, Струмица 13, Крива Паланка 2, Радовиш 2, Кочани 17, Пробиштип 2, Македонски Брод 1, Валандово 3, Виница 1, Делчево 2, Свети Николе 1, Кичево 8.

    Министерството за здравство соопшти и дека се починати 4 лица, двајца пациенти од Скопје (61 и 59), пациент од Куманово (69) и пациентка од Штип (70).  Денеска е регистриран 71 оздравен пациент.

    Досега во земјата се направени вкупно 175.465 тестирања на ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 16.735, бројката на оздравени пациенти е 13.863, на починати е 693, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.179.

    Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
    • Скопје 6675, активни 598
    • Куманово 1694, активни 211
    • Дебар 276, активни 41
    • Штип 1230, активни 63
    • Прилеп 618, активни 138
    • Тетово 1376, активни 170
    • Струга 647, активни 63
    • Велес 309, активни 36
    • Битола 272, активни 66
    • Охрид 405, активни 47
    • Кавадарци 215, активни 36
    • Гостивар 903, активни 113
    • Гевгелија 107, активни 65 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 14 на Богданци и 12 се странски државјани)
    • Струмица 175, активни 108
    • Крива Паланка 95, активни 37
    • Радовиш 70, активни 24
    • Крушево 20, активни 3
    • Кочани 255, активни 98
    • Пробиштип 103, активни 22
    • Демир Хисар 61, активни 2
    • Македонски Брод 91, активни 12
    • Пехчево 42, активни 18
    • Берово 79, активни 21
    • Валандово 17, активни 8
    • Виница 98, активни 28
    • Делчево 144, активни 75 (30 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
    • Кратово 24, активни 4
    • Свети Николе 316, активни 21
    • Кичево 309, активни 36
    • Ресен 160, активни 13
    • Неготино 49, активни 2 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

    Направените 1368 теста се преку: ИЈЗ-456, ЦЈЗ Скопје-51, Авицена-420, Биотек-67, МАНУ -51, Жан Митрев (Филип Втори)-61, Систина со PCR метода -110, лабораторија Лаор –67, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-76, Инфективна клиника-2, ГАК-7, Синлаб-0, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 175.465 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

    На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 2 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 75 пациенти. На кислородна поддршка се 42 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

    Во болницата во Козле хоспитализирани се 4 деца и 4 мајки позитивни на ковид-19, 1 дете и 1 мајка суспектни на вирусот.

    Во ГОБ „8 Септември“ примени се 5, а вкупно хоспитализирани се 36 пациенти. На респираторна машина е 1 пациент.

    Во болницата во Битола се хоспитализирани 21, а во болницата во Штип се 36 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 154, позитивни и сомнителни на ковид-19.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира