4 ПОЧИНАТИ И 518 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19, АКТИВНИ СЕ 2.581

    4 ПОЧИНАТИ И 518 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19, АКТИВНИ СЕ 2.581Бројката на починати како последица на ковид-19 од почетокот на пандемијата е 5.513. (Фото: СДК.МК)

    Во последните 24 часа се регистрирани 518 нови случаи на ковид-19 од направени 5.809 тестирања, соопшти Министерството за здравство. Новите случаи се од: Скопје – 179, Тетово – 96, Гостивар – 65, Куманово – 35, Кичево – 29, Струга – 20, Битола – 14, Охрид и Струмица – по 11, Дебар – 10, Кавадарци – 7, Велес – 6, Кочани – 5, Прилеп и Берово – по 4, Штип, Виница и Македонски Брод – по 3, Гевгелија, Ресен, Радовиш, Делчево и Пехчево – по 2, Крива Паланка, Пробиштип и Демир Капија – по 1.

    Изминатите 24 часа се пријавени се 4 починати лица, и тоа 2 од Скопје (71г и 88г), по еден од Тетово (75г) и Дебар (67г). Починати во болнички услови.

    Досега во земјата се направени вкупно 1.028.102 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 158.681 бројката на оздравени пациенти е 150.587, на починати е 5.513, а бројот на активни случаи изнесува 2.581.

    Според епидемиолошки анализи во моментов, најмногу од активните случаи се од Скопје – 832, по што следуваат Тетово – 662, Гостивар – 282 и Куманово 180.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира