40 НОВИ ПОЗИТИВНИ НА КОВИД-19 ОД 549 ТЕСТОВИ, ПОЧИНА 56-ГОДИШЕН ПРИЛЕПЧАНЕЦ

    40 НОВИ ПОЗИТИВНИ НА КОВИД-19 ОД 549 ТЕСТОВИ, ПОЧИНА 56-ГОДИШЕН ПРИЛЕПЧАНЕЦВкупно ковид дијагностицирани во нашата земја се 1.898, оздравени пациенти се 1.378, починати е 111, а во моментов активни случаи се 409.(Фото: К. Попов)

    На Клиниката за инфективни болести и фебрилни во Скопје состојби почина 56-годишен пациент од Прилеп, лекуван на клиниката од 12 мај, објави Министерството за здравство.

    Во изминатите 24 часа направени се 549 тестирања, а регистрирани се 40 нови случаи на КОВИД-19 и тоа во: Скопје-26, Куманово-1, Прилеп-1, Тетово-10, Велес-1, Битола-1.

    Направените 549 теста се преку: ИЈЗ –302, Ветеринарен факултет -25, Авицена –24, Биотек -36, Филип Втори (Жан Митрев) –42, Систина со ПЦР метода -26 и МАНУ -94. Досега во земјата се направени вкупно 23.316 тестирања на КОВИД -19.
    Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 209 теста се во рамките на скринингот. Денеска е потврден 1 позитивен случај-вработен во градинка во Скопје.

    На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 часа примени се 7 нови пациенти, хоспитализирани се вкупно 49 пациенти. На кислородна поддршка се 19, на механичка вентилација се 2 пациенти.

    Во Градската општа болница „8 Септември“ примени се 12 нови, а вкупно хоспитализирани 25 пациенти. На респиратор се 3, а со потешка клиничка слика се уште 2 пациенти.

    Во болницата во Битола се хоспитализирани 7, на домашно лекување се следат уште 3 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 5 пациенти, нема пациенти кои се следат на домашно лекување. На инфективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 45 пациенти, позитивни и сомнителни на КОВИД-19.

    Вкупно ковид дијагностицирани во нашата земја се 1.898,  оздравени пациенти се 1.378, починати е 111, а во моментов активни случаи се 409.

    Оздравени се 11 пациенти во: Скопје-2, Штип-1, Прилеп-4, Велес-2, Кочани-2.

    Последната дистрибуција по градови е:
    Скопје – 673, активни 169
    Куманово – 419, активни 23
    Дебар – 51, активни 0
    Штип-38, активни 3
    Прилеп –204, активни 55
    Тетово – 161, активни 73
    Струга – 71, активни 5
    Велес – 127, активни 52
    Битола –28, активни 9
    Охрид –21, активни 6
    Кавадарци – 5, активни 0
    Гостивар –21, активни 4
    Гевгелија – 4, активни 0
    Струмица – 3, активни 1
    Крива Паланка- 6, активни 1
    Радовиш – 4, активни 0
    Крушево – 3, активни 0
    Кочани – 31, активни 1
    Пробиштип – 2, активни 0
    Кичево – 2, активни 0
    Неготино -9, активни 2 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
    Демир Хисар – 1, активни 0
    Македонски Брод – 2, активни 0
    Пехчево- 3, активни 1
    Делчево-1, активни 0
    Валандово -1, активни 0
    Виница – 3, активни 1
    Кратово-2, активни 1
    Берово-1, активни 1
    Свети Николе-1, активни 1

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира