43-ГОДИШНА ДЕБАРЧАНКА МЕЃУ ПЕТМИНАТА ПОЧИНАТИ ЗА 24 ЧАСА, УШТЕ 159 НОВОЗАБОЛЕНИ ОД КОВИД-19 ОД 2.018 ТЕСТА

    43-ГОДИШНА ДЕБАРЧАНКА МЕЃУ ПЕТМИНАТА ПОЧИНАТИ ЗА 24 ЧАСА, УШТЕ 159 НОВОЗАБОЛЕНИ ОД КОВИД-19 ОД 2.018 ТЕСТАНа Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти, а во ГОБ „8 Септември“ примени се 5 нови; - Возило на Брза помош во центарот на Скопје. (Фото: К. Попов)

    Петмина починаа по компликации од ковид-19, а во последните 24 часа од 2.018 тестирања, регистрирани се 159 нови случаи на ковид-19, соопшти Министерството за здравство.

    Во болнички услови починаа 61-годишна скопјанка, двајца пациенти од Дебар (43 и 86), пациент од Кичево (62) и пациент од Демир Хисар (70). Пациентката од Дебар имала изразена обезност и дијабетес.

    Новите случаи се регистрирани во: Скопје-45, Куманово-26, Дебар-9, Штип-10, Прилеп-12, Тетово-5, Струга-4, Велес-4, Битола-2, Охрид-2, Кавадарци-7, Гостивар-6, Гевгелија-3, Струмица-4, Крива Паланка-6, Кочани-2, Пробиштип-2, Пехчево-3, Берово-1, Делчево-3, Кратово-1, Свети Николе-1, Кичево-1

    На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 71 пациенти. На кислородна поддршка се 41, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле се хоспитализирани 15 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 8 позитивни деца, две мајки и две деца суспектни на вирусот. Во Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ примени се 5 нови, вкупно хоспитализирани се 39 пациенти. На респираторна машина се 3 пациенти.

    Во болницата во Битола се хоспитализирани 12, а во болницата во Штип се хоспитализирани 49 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 108, позитивни и сомнителни на ковид-19.

    Институтот за јавно здравје регистрира 212 оздравени пациенти од: Скопје-35, Куманово-42, Штип-49, Прилеп-3, Тетово-10, Струга-2, Битола-4, Охрид-1, Гостивар-45, Струмица-2, Крива Паланка-1, Радовиш-6, Пробиштип-6, Македонски Брод -3, Свети Николе-1, Кичево-2.

    Вкупно ковид дијагностицирани во земјава има 14.163, оздравеа 10.933, на починаа 590, а активни случаи се  2.640. Според завршените епидемиолошки анализи, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
    • Скопје 5.864, активни 854
    • Куманово 1.447, активни 356
    • Дебар 252, активни 85
    • Штип 1.129, активни 175
    • Прилеп 447, активни 101
    • Тетово 1.208, активни 175
    • Струга 557, активни 61
    • Велес 269, активни 30
    • Битола 201, активни 39
    • Охрид 333, активни 31
    • Кавадарци 180, активни 78
    • Гостивар 767, активни 230
    • Гевгелија 45, активни 24 (7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 9 на Богданци)
    • Струмица 63, активни 24
    • Крива Паланка 45, активни 16
    • Радовиш 41, активни 6
    • Крушево 16, активни 0
    • Кочани 140, активни 27
    • Пробиштип 80, активни 15
    • Демир Хисар 60, активни 16
    • Македонски Брод 70, активни 17
    • Пехчево 18, активни 12
    • Берово 51, активни 42
    • Валандово 8, активни 1
    • Виница 64, активни 36
    • Делчево 49, активни 43 (11 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
    • Кратово 17, активни 2
    • Свети Николе 282, активни 58
    • Кичево 269, активни 73
    • Ресен 146, активни 0
    • Неготино 45, активни 13 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

    Направените 2.018 теста се преку: ИЈЗ-866 ЦЈЗ Скопје-12, Авицена-255, Биотек-271, МАНУ -99, Жан Митрев (Филип Втори)-231, Систина со ПЦР метода -163, лабораторија Лаор –44, Судска медицина-17, ЦЈЗ Битола-56, Инфективна клиника-4, ГАК-0, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 145.705 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

    Активни случаи по општини во Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје):
    • Чаир – 117
    • Гази Баба – 102
    • Аеродром – 105
    • Карпош – 86
    • Центар – 85
    • Кисела Вода – 100
    • Ѓорче Петров – 55
    • Бутел – 65
    • Шуто Оризари – 32
    • Студеничани – 20
    • Сарај – 26
    • Арачиново – 16
    • Илинден – 12
    • Сопиште – 6
    • Чучер Сандево – 5
    • Петровец – 10
    • Зелениково – 3
    • Странец – 5
    • Нераспределен – 4

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира