46 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19 ОД 54 ДО 85 ГОДИНИ, УШТЕ 433 ПОЗИТИВНИ ОД 2.453 ТЕСТОВИ

    46 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19 ОД 54 ДО 85 ГОДИНИ, УШТЕ 433 ПОЗИТИВНИ ОД 2.453 ТЕСТОВИВо изминатите 24 часа во Ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 48 нови пациенти. (Фото: К. Попов)

    Четириесет и шест лица починаа во изминатите 24 часа по комликации од ковид-19, а од 2.453 тестирања регистрирани се 433 нови случаи на ковид-19, соопшти Министерството за здравство. Последен пат 46 починати имаше на 11 април, а највисоката дневна бројка на починати од почетокот на коронакризата беше 51, на 7 април.

    Пријавени се 15 починати од Скопје (54г, 54г , 54г, 55г, 64г, 66г, 69г, 69г, 71г, 71г, 72г, 75г, 76г, 80г и 82г), по 3 лица од Битола (63г, 66г и 73г), Штип (55г, 71г и 77г), Кочани (57г, 82г и 82г) и Велес (65г, 66г и 81г), по 2 лица од Прилеп (66г и 85г), Струмица (78г и 79г), Гостивар (59г и 72г), Неготино (79г и 86г) и Куманово (59г и 92г), и по едно починато лице од Кавадарци (80г), Тетово (77г), Охрид (69г), Ресен (93г), Радовиш (56г), Берово (55г), Демир Хисар (70г), Македонски Брод (73г) и Гевгелија (69г). Еден пациент е починат во домашни услови, а останатите 45 се починати во болнички услови.

    Новозаболени се регистрирани во: Скопје – 174, Куманово – 39, Битола – 34, Охрид – 24, Струга и Кичево – по 16, Прилеп, Велес и Струмица – по 15, Штип – 11, Тетово и Кочани – по 9, Гевгелија и Виница – по 8, Кавадарци – 7, Гостивар – 6, Неготино – 5, Свети Николе – 4, Делчево и Крушево – по 3, Берово, Пробиштип, Богданци, Демир Хисар и Македонски Брод – по 2, Крива Паланка и Ресен – по 1.

    На Инфективните оддели во Скопје и во болниците низ земјава лежат 1.237 и има околу 670 празни болнички кревети во Ковид-центрите.

    Регистрирани се 641 оздравен пациент од: Скопје – 298, Битола – 59, Прилеп – 46, Струмица – 44, Кавадарци – 23, Штип – 21, Кочани – 20, Тетово и Гостивар – по 19, Охрид – 13, Кичево – 11, Неготино – 10, Ресен – 9, Радовиш – 8, Крива Паланка – 7, Виница – 6, Велес и Валандово – по 5, Струга – 4, Куманово и Делчево – по 3, Берово и Пробиштип – по 2, Демир Хисар, Македонски Брод, Пехчево и Македонска Каменица – по 1.

    Направени се 2.453 тестови преку: ИЈЗ-377, ЦЈЗ Скопје-63, ЦЈЗ Битола-89, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – 0, Судска медицина – 11, лабораторија болница Козле – 10, УК Пулмологија со алергологија – 9, ГОБ „8 Септември“ – 8, Институт за микробиологија – 75, МАНУ – 85, Жан Митрев (Филип Втори) – 166, Авицена -264, Биотек – 250, Систина – 161, лабораторија Лаор – 101, Синлаб – 44, Ремедика – 29, Плодност – 29, Генеа – 13, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 669.

    Досега во земјата се направени вкупно 718.626 тестирања на ковид-19.

    Вкупно ковид дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата се 152.002, оздравени се 132.171, починати се 4.818, а активни случаи се 15.013.

    Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

    Скопје 67145, активни 6743
    Куманово 8500, активни 1104
    Прилеп 8157, активни 691
    Тетово 7083, активни 553
    Битола 6129, активни 974
    Велес 5387, активни 551
    Гостивар 5112, активни 372
    Кавадарци 5097, активни 353
    Штип 4882, активни 384
    Охрид 4898, активни 467
    Струмица 3990, активни 503
    Струга 2936, активни 158
    Кочани 2718, активни 253
    Кичево 2461, активни 267
    Гевгелија 2176, активни 260
    Неготино 2152, активни 178
    Свети Николе 1479, активни 116
    Крива Паланка 1206, активни 58
    Ресен 1203, активни 191
    Радовиш 1086, активни 99
    Берово 1012, активни 62
    Делчево 950, активни 89
    Дебар 928, активни 39
    Виница 808, активни 120
    Пробиштип 771, активни 32
    Валандово 660, активни 67
    Богданци 488, активни 63
    Крушево 479, активни 99
    Демир Капија 394, активни 25
    Демир Хисар 387, активни 67
    Кратово 352, активни 9
    Македонски Брод 354, активни 22
    Пехчево 261, активни 21
    Македонска Каменица 229, активни 13
    Дојран 132, активни 10

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира