5 ГОДИНИ СУМ ПОСТАР, НО ЈА ИМАМ ИСТАТА СТРАСТ КАКО ВО 2014, КАЖА ПЕНДАРОВСКИ ОТКАКО И ОФИЦИЈАЛНО ПО ВТОРПАТ СТАНА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ НА СДСМ

    5 ГОДИНИ СУМ ПОСТАР, НО ЈА ИМАМ ИСТАТА СТРАСТ КАКО ВО 2014, КАЖА ПЕНДАРОВСКИ ОТКАКО И ОФИЦИЈАЛНО ПО ВТОРПАТ СТАНА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ НА СДСМОткако му беше потврдена кандидатурата на конгресот на СДСМ, Пендаровски кажа дека на претседателските избори нема да се решава за политички кариери, туку граѓаните од различни етнички припадности ќе одлучуваат за иста цел, евроатланска иднина и подобар живот за сите. (Фото: К. Попов)

    Сега сме 5 години постари, но ја имам истата страст како во 2014 година, рече Стево Пендаровски откако делегатите на конгресот на СДСМ едногласно одлучија тој да биде кандидат за претседател на претстојните претседателски избори.

    Пендаровски, кој во 2014 година загуби на претседателските избори од Ѓорге Иванов, овојпат ќе ја има поддршката на 31 партија, меѓу кои и од коалициониот партнер ДУИ.

    „Сакам да му се заблагодарам на премиерот Зоран Заев што повторно ми е дадена шанса, после бруталниот изборен инженеринг во 2014 година. Првпат во независноста на нашата земја зад еден претседателски кандидат застанаа 3 албански партии. На 21 април и 5 мај нема да се решава за политички кариери. Граѓани од различни етнички припадности на изборите обединети за иста цел ќе одлучуваат за иста цел, евроатланска иднина и подобар живот за сите“ рече Пендаровски.

    Претседателски избори ќе се одржат на 21 април и 5 мај. Кандидат на ВМРО-ДПМНЕ е Гордана Силјановска Давкова, а кандидатура најави и Блерим Река, зад кого ќе застанат Алијанса за Албанците и Движењето Беса.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира